Македонија
МОФ: Инспекторатот да го испита случајот со плагијатите на професорите на Универзитетот во Тетово

Државниот просветен инспекторат да утврди одговорност за корупцијата на Државниот универзитет во Тетово, бара Младинскиот образовен форум.
„Според публикацијата ‘Веритас’, може да се увиди дека професори на овој државен универзитет направиле плагијат, односно искористиле туѓо дело прикажувајќи го како свое. Со ова членовите на академската заедница не само што постапиле нечесно туку и спротивно на духот на начелата на Законот за високото образование. Истражувачкиот труд на Интелектуалната иницијатива за зголемување на квалитетот во универзитетското образование посочува дека Медицинскиот факултет при ДУТ е еден од упориштата за непотизам, плагијат, купопродажба на оценки, антиакадемска заедница и интелектуална мафија“, велат од МОФ.
Од таму апелираат до надлежните институции, пред сѐ, Државниот просветен инспекторат, да постапи по ова прашање во рамките на неговите надлежности и овластувања и финално да се увиди и утврди одговорноста за нечесното академско работење на дел од членовите на академската заедница при Државниот универзитет во Тетово.
„Бараме доследна примена на Законот за високото образование, особено во делот на креирање на Агенцијата за квалитет во високото образование. Имено, според последните информации со кои располага МОФ, во рамките на оваа Агенција единствено е функционален еден орган, односно директорот на Агенцијата. Јавноста и академската заедница сѐ уште не се запознаени дали се формирани одборот за евалуација и одборот за акредитација како органи во рамките на Агенцијата, кои имаат исто така надлежности и овластувања да постапат во овој случај“, велат од МОФ.
Се надеваме дека овој случај, додаваат од таму, нема да застане само на јавно споделување и известување, туку дека ќе се работи во насока на спречување на корупцијата од секаков вид во рамките на високото образование, но и на охрабрување на студентите и младите воопшто да реагираат за овие и ним слични коруптивни појави и практики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Пристигнуваат 2.000 кинески вакцини, донација од Емиратите

Две илјади кинески вакцини од прозиводителот „Синофарм“ пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја, најави на социјалните мрежи, министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој во објавата на „Фејсбук“ посочи дека се работи за донација од Обединетите Арапски Емирати.
2000 кинески вакцини од прозиводителот Синофарм пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата…
Posted by Венко Филипче on Понеделник, 12 април 2021
„Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи што за краток временски период се обезеди оваа донација“, нагласува Филипче додавајќи дека симболот на оваа здравствена криза е солидарноста.
Македонија
Во болниците низ земјата се лекуваат 1.735 ковид-пациенти, бројот на хоспитализации е стабилен

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.735 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.009 пациенти позитивни и суспектни на вирусот. Во Скопје бројот на ковид-пациенти е 726, од кои во последните 24 часа биле хоспитализирани 49 лица. Голем дел од овие пациенти се на кислородна поддршка.
„Во болницата во Битола се хоспитализирани 140 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 85 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 99 лица, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп – 124, во ковид-центарот во Гостивар – 44, а во Струга – 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 96 пациенти, во Кочани – 29, во Кичево – 33, во Кавадарци – 61, а во Гевгелија – 24 лица позитивни и суспектни на вирусот“, се вели во соопштението на Министерството, од каде што додаваат дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.
Во скопските болници бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 65 слободни места. Се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места. Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 18 оздравени пациенти.
Македонија
Владата ја објави листата на хонорарци, негира дека биле платени да споделуваат постови на „Фејсбук“

Владата на својата интернет-страница објави листа со детали за сите лица кои се хонорарно ангажирани, заедно со образложение кои се причините за ваквите ангажмани.
„Ја објавуваме листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, откако претходно беа извршени консултации со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за модалитетот за заштита на личните податоци на соработниците опфатени со овие ангажмани“, се наведува во владиното соопштение.
Во него категорично се отфрлаат, како што се вели, сите дезинформации дека наводно исти лица кои иако регуларно вработени во Владата, во исто време добивале и хонорар.
„Тоа не е точно бидејќи е недозволиво вработени во Владата да бидат и хонорарно ангажирани од Владата. Внимателноста со која Владата постапи во овој случај, со вклучување на дополнителни консултации пред објавувањето на листата хонорарни соработници, беше мотивирана исклучително заради заштитата на интегритетот и приватноста на ангажираните лица“, се додава во соопштението со кое исто така се негира дека станува збор за луѓе кои биле платени да споделуваат постови на „Фејсбук“ или „Твитер“.
Од Владата исто така порачуваат дека институциите ќе ги искористат сите механизми кои се на располагање да ги заштитат професионално ангажираните лица од јавен линч, нарушување на приватноста, говор на омраза или повици за насилство.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш