Македонија
МТСП: Градинките и дневните центри прекинуваат со работа, бремените жени и хронично болните да останат дома
Министерството за труд и социјална политика, во согласност со заклучоците, мерките и препораките на Владата, ја известува јавноста дека следните 14 дена ќе биде прекинати воспитно-образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центрите за ран детски развој, како и во дневните центри на територијата на Република Северна Македонија, а вработените лица во овие институции ќе бидат ослободени од работа.
За спроведување на оваа мерка се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и му се препорачува на приватниот сектор еден од родителите на децата до 10 години, кои ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, да биде ослободен и од обврската да ги извршува работните обврски и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавецот.
Се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, им се укажува на општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и му се препорачува на приватниот сектор привремено да ги ослободат од работа и работни активности бремените жени и хронично болните лица.
Дополнително, на возрасните и повисокоризичните категории граѓани со хронични болести им се препорачува да го намалат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

