Македонија
МТСП: Онлајн обуките за воспитувачи придонесуваат во подигнувањето на квалитететот на предучилишното образование

Министерството за труд и социјална политика започна со реализацијата на серија онлајн работилници наменети за зајакнување на компетенциите на практичарите во системот на предучилишно образование.
„Целта на овие обуки, кои во овој период, поради препораките и протоколите за заштита од Ковид-19 се одржуваат по електронски пат, е да им се пренесат нови знаења и вештини на избрани воспитувачи од предучилишни установи ширум земјата кои понатаму ќе ги пренесат овие стекнати знаења на своите колеги, со што ќе се зајакне нивниот професионален развој, а со тоа ќе се овозможи натамошно подобрување на квалитетот на предучилишното образование во земјата“, објаснува Елизабета Куновска од Министерството за труд и социјална политика, менаџер на Проектот за подобрување на социјалните услуги.
Работилниците се дизајнирани според најдобрите светски практики и истражувања во областа на развојот на малите деца кои се базираат на невроедукација, учење преку игра и учење засновано на решавање на проблеми. Во нивната реализација е вклучена проф. д-р Реберка Гренџер-Елис од универзитетите Џон Хопкинс и Њу Орлеанс во САД. Таа е еден од водечките светски експерти во областа на социо-емоционалниот развој на децата, со повеќегодишно искуство во реализација на програми кои се базирани на научни истражувања за деца во предучилишно и основно образование, вклучувајќи и надарени и деца со потешкотии во учењето и развојот.
До крајот на оваа и почетокот на идната година планирано е да се одржат вкупно шест вакви онлајн работилници. Инаку, тие се дел од втората компонента од Проектот за подобрување на социјалните услуги што се реализира со поддршка на Светска банка, а го спроведува Министерството за труд и социјална политика во рамки на сеопфатната реформа на системот на социјални услуги и на предучилишно образование во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19.
Од полицијата соопштија дека синоќа околу 3 часот по полноќ, влегле во стан на улицата Рајко Жинзифов, каде имало гласна музика и не се почитувале мерките за заштита од вирусот. Полициските службеници, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и уште седум лица, на возраст од 25 до 33 години.
Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, во стан на улицата Елисие Поповски Марко биле затекнати пет 20-годишници кои правеле забава. Од нив четворица се од Скопје и еден од Битола.
Сите 13 лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од полицијата.
Македонија
Изречени 306 санкции за неносење маскa

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 306 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
Македонија
Угостителски објект во Tетовско синоќа работел со 29 гости

Синоќа околу 21.30 часот, во тетовското село Горно Седларце, полицијата го привела 41-годишниот Б.И., чиј угостителски објект работел по дозволеното време и во него престојувале 29 лица.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.
Работното време на угостителите е ограничено до 18 часот, како мерка, со цел спречување на ширење на пандемијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира