Македонија
МТСП: Хигиенски пакети за семејствата што живеат во супстандардни услови
Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е дистрибуција на пакети со средства за лична хигиена и за дезинфекција за семејствата што живеат во супстандардни услови.
„Хигиенските пакети ќе им помогнат на оние на кои им се најпотребни полесно да ги спроведуваат мерките за избегнување инфекција во домашни услови. Изминатите денови тимовите од центрите за социјална работа од Пробиштип, Тетово, Скопје, Ресен, Виница, Свети Николе, Крушево, Гостивар, Крива Паланка, Валандово и од Куманово им поделија пакети на над 400 семејства што живеат во супстандардни услови. Во наредните денови акцијата продолжува и во другите центри.
Системот на социјална заштита непречено функционира, а центрите за социјална работа ги извршуваат активностите во согласност со потребите на граѓаните и мерките и препораките на Владата. Поддршката од заедницата е посебно значајна во кризни услови. Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме заедничкото здравје“, соопшти МТСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

