Контакт

Македонија

Муцунски и Митева на средба со Сагарц: Изразена загриженост за извештаите за високо ниво на корупција

Објавено пред

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, заедно со портпаролката Марија Митева остварил средба со Кристијан Сагарц, пратеник во Европскиот парламент и известител во сенка за Република Македонија.

На средбата, како што пишува во партиското соопштение, се разговарало за актуелната политичка состојба и за предизвиците на Македонија во процесот на европската интеграција.

„Муцунски и Митева ја истакнаа својата загриженост за добиените извештаи на релевантни меѓународни организации, во кои преовладува укажување за постоење високо ниво на корупција. Тие го информираа Сагарц дека процесот на европска интеграција мора да биде воден низ процес на вистински реформи, кои примарно треба да се фокусираат на реформа на правосудството и јавната администрација“, стои во напишаното.

Муцунски и Митева истакнаа дека пристапните преговори треба да почнат што побргу и тоа низ призма на европски вредности и критериуми, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ја осудуваме злоупотребата на деца во политика кампања од страна на Шилегов и СДСМ

Објавено пред

Ја осудуваме злоупотребата на деца во политичка кампања од страна на Шилегов и СДСМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Петре Шилегов избезумен од слабиот рејтинг кој го има почна да злоупотребува и деца во кампања.

Во текот на вчерашниот ден Шилегов се пофали дека исцртал патеки низ Градски парк, па не знаејќи како да го доближи тоа до народот и да добие симпатии за оваа работа која е редовна надлежност на претпријатијата во градот злоупотреби деца кои организирано се сликани од страна на неговите професионални фотографи.

Шилегов треба да каже дали за ова ги користеше училиштата во град Скопје и зошто децата наместо на настава се злоупотребуваат за партиска кампања?“ се вели во реакцијата на партијата.

Истовремено од таму ги повикуваат и здруженијата за заштита на децата да го осудат ова однесување на Шилегов, кое, како што се наведува претставува организирана злоупотреба на деца во партиски цели.

ВМРО-ДПМНЕ апелира ваквата пракса од страна на СДСМ да запре, и децата да се остават на страна од политиката. Тоа што тие губат нема да го покријат со ништо, но не смее да малтретираат деца да се местат во кадар за сликање, порачуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев-Сера: Историската посета на Мадрид исчекор кон продлабочување на соработката меѓу двете земји

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, кој го завршува својот мандат во нашата земја.

На средбата, беше изразено задоволство од посетата на премиерот Заев на Кралството Шпанија во мај годинава, оценувајќи ја како исклучително важна како прва посета на оваа земја на премиерско ниво, при што беа остварени средби со шпанскиот премиер Педро Санчез и со Пилар Лоп Куенка, претседателка на шпанскиот Сенат.

Премиерот Заев изразувајќи искрена почит и признание, на амбасадорот Лоренцо Сера му врачи благодарница за личниот посебен придонес на амбасадорот кон зајакнување на пријателството меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шпанија како и за континуираната поддршка што Шпанија ја дава за напредокот на процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија.

Премиерот Заев оценувајќи ги како особено добри и пријателски односите со Кралството Шпанија, подвлече дека граѓаните на Северна Македонија засекогаш ќе ја паметат и почитуваат поддршката и вонредното ангажирање и гестот кој шпанскиот Сенат го направи со овозможување на електронско гласање на Протоколот за ратификација на членството на Северна Македонија во НАТО, во исклучително тешки услови на почетокот на пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Двајцата соговорници разменија мислења и за внатрешно – политичката состојба во земјата, согласувајќи се дека ќе продолжи соработката меѓу двете земји со цел јакнење и продлабочување на економски план и интензивирање на размената на искуства од областа на културата, образованието, судството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачки: Шверцот на дрога со возила на МВР е институционализација на криминалот

Објавено пред

Чекајќи го завршетокот на истрагата за трагедијата во болницата во Тетово, за да конечно видиме дали некој ќе заврши со лисици на раце, ни се случува повторно меѓународен скандал. Возило на МВР полно со дрога било запленето во Црна Гора. Ова веќе не е злоупотреба на службената должност, ова е институционализација на криминалот од најтежок вид, вели полковникот Драган Ковачки.

Според него, Министерот Спасовски очигледно ќе релативизирал и ќе префрлал одговорност, на крај, како што вели, можеби ќе кажеле дека дрогата сама се ставила во возилото. Ковачки му порачува на Спасовски да не заборави дека од 2015 е министер (со мал прекин додека беше премиер).

„ Морална одговорност нема да бараме, знаеме дека тоа е несвојствено за функционерите на оваа гарнитура на СДСМ. Човек да се чуди како овие луѓе наоѓаат леснотија во неодговорноста! Нека си продолжат и тој, но и партискиот шеф на комисијата за безбедност (кој во моментов е Државен секретар во МО), во работно време со службени возила да си тераат партиска кампања.

Ковачки вели дека премиерот продолжувал да дефокусира од катастрофата на економски и здравствен план во државата, па повторно ја спуштал летвичката за националните прашања.

„ Со ништо непредизвикан, премиерот продолжува со негаторските политики кон сопствената нација. Чинам дека е дојдено времето на човекот којшто се гордее дека во Среда и Петок имал само по 3 часа, но сепак станал премиер, некој од неговите да му укаже дека треба да биде внимателен кога зборува на темите историја и иднина. Оти, ниту историјата ја познава, а ниту гледа каква небиднина ни носи со неговите неодмерени изјави.

Според Заев, дел од нашите предци биле соработници-колаборационисти со фашистичкиот режим и затоа не можело да се генерализира дека сите (како народ) во 2 Светска Војна сме биле на вистинската страна. Демек пола од нашите биле предавници, а пола борци-херои. Апсурд!

Откако ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот, а видовме дека не им помина ниту фингерајката со нон-пејперот во којшто не нарекоа бугаро-македонци, сега Заев и другарите решиле да извадат нов трик од ракавот. Ќе бидеме пола наши, пола нивни.

Јавноста не слушна никој од раководството на СДСМ да се огради од овие изјави на нивниот премиер и лидер што доби 100 посто поддршка на султан-конгресот, а тоа не го направи дури ни Шекеринска од скопското крило. Да, истото скопско крило што ги кршеше канцелариите на Град Скопје токму поради “заштита на македонштината”, сега молчи. Зошто?“ напиша Ковачки.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија2 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија2 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет5 часа

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија5 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет5 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија17 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет18 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ21 час

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија23 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија1 ден

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет1 ден

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа1 ден

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет2 дена

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија2 дена

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија2 дена

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија2 дена

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Досие