Македонија
Над 1 000 деца годишно поминуваат низ судските лавиринти

1 583 деца биле повикани во полициските станици во 2017 година поради разни причини.Од нив, 38% (или 596) деца го искористиле правото на бранител, ова го покажува извештајот на Сојузот за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција. Секоја година, околу 1000 деца се во контакт со правосудниот систем како осомничени, сторители, сведоци и жртви на насилство и криминал.
Со цел да се унапредат знаењата и вештините на адвокатите кои постапуваат со деца кои се во контакт со законот, министерката за правда Рената Десковска, Бенџамин Перкс, претставник на Уницеф, Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора, и Лазар Нанев, претседател на невладината организација Сојуз за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција денеска потпишаа меморандум за соработка за да се унапредат знаењата и вештините на адвокатите кои постапуваат со деца кои се во контакт со законот.
„Со овој меморандум за соработка ја потврдуваме нашата подготвеност за целосно почитување на најдобриот интерес на сите деца во контакт со законот и наша посветеност да се обезбеди нивна заштита низ целиот процес, особено за децата жртви на насилство, злоупотреба и запоставеност”, рече Дескоска.
Преку овој договор адвокатите кои работат со деца во контакт со законот ќе добијат специјализирани обуки, ќе се воспостави координација помеѓу сите вклучени институции и унифициран систем за прибирање податоци со меѓуресорска соработка.
„Кога ја гледаме состојбата на децата кои влегуваат во контакт со законот како жртви, сведоци или сторители, мора да се земат предвид два аспекти. Првиот е да се заштитат децата од секундарна виктимизација во текот на законската постапка бидејќи тие се веќе трауматизирани; и вториот аспект на кој работиме е да се спречи циклусот на криминално живеење кај децата кои се во судир со законот. Затоа е важно систем на правда во земјата да се усогласи со меѓународните и ЕУ-стандарди за правда за децата, и најдобриот интерес на децатада биде заштитен во секоја фаза од постапката”, рече Бенџамин Перкс, претставник на Уницеф.
Според Законот за правда за деца, адвокатите кои ги застапуваат децата кои се во контакт со законот се обврзани еднаш годишно да посетуваат пет дена специјализирана обука за правда за деца.
Секоја година, околу 1000 деца се во контакт со правосудниот систем како осомничени, сторители, сведоци и жртви на насилство и криминал. Поради тоа, постои суштинска потреба од специјално обучени адвокати кои знаат како да работат со деца не само во случаите кога децата се сторители на кривични дела, туку и кога децата се жртви и сведоци.
„Соработката помеѓу Уницеф, Министерството за правда, Адвокатската комора и Советот за превенција на малолетничка деликвенција ќе овозможи секое дете да добие правна заштита во правосудниот систем. Законите постојат, имаме прирачници и стандардизирани процедури кои даваат практични насоки за јакнење на примената на Законот за правда за деца, Законот за кривична постапка и Законот за граѓанска постапка, меѓутоа знаењата и вештините на сите практичари кои работат со деца мора постојано да се надградуваат”, рече Лазар Нанев, судија и претседател на невладината организација Сојуз за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За еден ден казнети 166 пешаци поради поминување улица надвор од пешачки премин или на црвено светло

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
Притоа, санкционирани се 166 пешаци од кои, 155 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, пет за минување на црвено светло.
За време на контролата регистрирани се и 111 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, порачаа од МВР.
Македонија
Наталитетот зголемен, од почетокот на годината склучени помалку бракови во споредба со лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од оваа година, живородени се 4.009 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 отсто.
Во првото тримесечје од 2022 година, умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 проценти во споредба со истото тримесечје од 2021 година.
Природниот прираст е -3 418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2.468 бракови, а нивниот број е намален за 8.4 отсто во споредба со истиот период од 2021 година.
Во ова тримесечје се добиени 459 извештаи за разведените бракови.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“

„Наместо да бега од одговори и да ја замајува јавноста, Христијан Мицкоски да излезе и да одговори пред граѓаните каде завршиле украдените пари од сметката на ЕВН Електрани и дали завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ?
Како што е веќе познато, дури шестмина од седумте осомничени за малверзации со ниви во Делчево се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Мицкоски како прв човек во ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори дали осомничените работеле по негови инструкции, за ЕВН да плати 50 пати поскапо земјиште за соларни централи?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот шеф и ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги прикривал трагите за испумпување на пари од ВМРО-ДПМНЕ?
Прашањата се јасни и едноставни, Мицкоски треба да одговори“.
Соопштение на СДСМ