Македонија
Намалена цената за паркирање на моторни возила за време на „Пивофест 2018“
На денешната 15 седница на општинскиот Совет, советниците расправаа по 10 точки од дневниот ред. Советниците донесоа Одлука за измена на распоредот на средства на буџетот за 2018 година. Станува збор за неискористени средства од блок дотации за 2017 година, кои се пренасочуваат за реконструкција и санација на основните и средните училишта во градот.
„Средствата кои не биле искористени во тој временски период, се прераспределуваат за основните и средните училишта во градот, со цел да се реализираат проектите со кои локалната самоуправа ги задолжи директорите на училиштата, во најбрз временски рок да извршат санација на училишните згради. На денешната седница донесовме одлука со која цената за паркирање на моторните возила за време на „Пивофест 2018“, се намалува од 100 на 50 денари. Жалам што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа Одлуката за намалување на цената“, изјави претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талевски.
Во духот на транспарентното функционирање на локалната самоуправа, прилепските советници изгласаа Одлука за официјализирање на соработката, односно потпишување на меморандум за соработка помеѓу Општина Прилеп и организаторот на „Пивофест 2018“, „Ентфинити“. Членовите на општинскиот Совет изгласаа Одлука за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема, со која опфатот на користење на јавна површина пред деловните објекти на градскиот плоштад, се прошири од 4.5 на 6 метри.
Советниците им дадоа „зелено светло“ на предлог одлуките за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележјето во чест на Ненад Серафимоски и за ослободување од плаќање надомест за уредување на градежно земјиште за изградба на црковна трпезарија со административен дел, во состав на храмот „Св.преподобна маченица Параскева“ во населбата „Точила“. Исто така, беше изгласана Одлука за пренесување на правото на користење и управување со недвижен имот, со која поранешните простории на ЈКП „Водовод и канализација“ кои се наоѓаат зад старата општинска зграда, му се доделуваат на користење на ЈКП „Комуналец“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

