Македонија
Народниот правобранител: На училиште или од дома, образованието мора да му биде достапно на секое дете
Имајќи го предвид значењето на образованието за правилниот развој на детето и изградбата на неговата личност, народниот правобранител во пресрет на почетокот на новата учебна година потсетува дека училиштето несомнено е најважно место каде што децата стекнуваат знаења и вештини, место за нови пријателства, социјализирање, но и остварување на правата на детето.
Без оглед на тоа што пандемијата на Ковид-19 на голем број деца ќе им ја ограничи оваа можност принудувајќи ги на образование, односно учење од далечина, народниот правобранител укажува на обврската да се почитуваат децата, нивните права и да се преземат сите мерки со цел обезбедување услови за непречено образование за секое дете почитувајќи го најдобриот интерес на децата, заштитата на здравјето и нивната благосостојба.
Во училиште или од дома, образованието мора да му биде достапно на секое дете. Со оглед на фактот што оваа учебна година наставата првпат ќе се одвива на нов начин – со физичко присуство, а за повеќето од учениците преку учење од далечина, народниот правобранител укажува сите чинители, секој од свој аспект да ги преземат неопходните мерки за непречено одвивање на образовниот процес. Исто така, овој нов начин на спроведување на образовниот процес бара помош и поддршка на семејствата за надминување на евентуалните проблеми кои би го попречувале редовното следење на наставниот процес.
Од друга страна, надлежните, без исклучок, треба да водат сметка дали направените адаптации во училиштето се соодветни и обезбедуваат заштита на децата од безбедносен и здравствен аспект. Народниот правобртанител апелира, доколку има потреба од дополнителни мерки (ресурси) и приспособувања со цел функционирање на образовните установи во вакви услови, редовно и благовремено да ги известат основачите, а локалните самоуправи, заедно со Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика, да обезбедат максимална поддршка затоа што за безбедно, непречено и квалитетно образование на децата не треба да се штеди.
Почитувајќи го правото на избор на родителите и на децата од повисоките одделенија и класови за начинот на образование во оваа учебна година, народниот правобранител потсетува да не се занемари фактот дека состојбата со коронавирусот сè уште не е надмината. Тоа нѐ обврзува будно да се следи начинот на примена на мерките и протоколите, особено заради заштита на најранливите групи – децата со попреченост и оние со здравствени проблеми.
Народниот правобранител укажува дека, освен на децата, поддршка им е потребна и на родителите на учениците, и во таа насока мора да се воспостави и одржува ефикасна и кооперативна комуникација со училиштето.
Следењето настава во училиште со почитување на епидемиолошките мерки несомнено од сите ќе бара трпеливост,= поради што народниот правобранител ги повикува родителите да ги следат упатствата на училиштето и да се почитуваат мерките и протоколите од страна на сите, а евентуалните проблеми да се решаваат во соработка со наставниците, односно со училиштето и другите субјекти одговорни за образовниот процес.
Народниот правобранител во оваа прилика укажува и на важноста на улогата на медиумите и нивно објективно информирање, со што ќе придонесат новиот начин на образование да ги даде очекуваните резултати во насока на заштита на правата и најдобриот интерес на детето.
Народниот правобранител на сите ученици, родители и наставници им посакува успешна учебна година, особено на првачињата, кои првпат ќе го пречекорат училишниот праг, апелирајќи до семејствата, наставниците и сите други да помогнат учебната година да ја почнат во добро расположение, со чувство на безбедност и обезбедена поддршка за справување со новите предизвици притоа потсетувајќи дека институцијата Народен правобранител е секогаш достапна за заштита на нивните права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерство за здравство: Активиран модул за изразување интерес за соработка на лекари од странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

