Контакт

Македонија

Народниот правобранител: Секој ден посветено да се работи за хармоничен развој на децата

Објавено пред

По повод 20 Ноември, Светскиот ден на детето, кој оваа година се одбележува со мотото: „Вложувањето во нашата иднина значи вложување во нашите деца“, народниот правобранител потенцира дека тој треба да биде поттик за уште поголем интерес на надлежните органи за подобрување на состојбата со правата на детето и за континуирани заложби и ативности за овозможување уживање на овие права, секој ден во годината.

„Несомнени се заложбите за подобрување на состојбата со правата на детето како на домашен така и на меѓународен план. Но, фактот дека не секое дете има непречен пристап до овие права, дека голем број деца немаат основни услови за живеење, оставени сами, на маргините на семејството, заедницата, општеството, без потребната грижа и внимание, укажува дека мораме попосветено да работиме во надминување на сиромаштијата и ризиците што го попречуваат хармоничниот развој на личноста на детето“, се наведува во соопштението на народниот правобранител, Иџет Мемети.

Тој воедно укажува дека доколку целта е да се обезбеди стабилна, сигурна и просперитетна иднина за нашето општество, треба што побргу да се осврнеме кон децата и обезбедувањето непречено остварување на правата на секое дете, без исклучок.

„Темелите на правата во Конвенцијата за правата на детето треба да бидат императив во нашето работење. Упатувајќи апел за заедничко дејствување за подигање на јавната свест за правата на детето, сакам да укажам дека грижата и заштитата на децата е обврска на секој од нас и сите ние треба да придонесеме за нивниот правилен психофизички развој, да ги воспитаме и образуваме во духот на толеранцијата и прифаќање на различностите, да ги научиме како да избегнуваат конфликтни ситуации и да го изберат дијалогот како начин на решавање на проблемите, со што ќе придонесеме детето да биде подготвено да живее во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправно и солидарно со другите“, порачува народниот правобранител.

Македонија

Социјалдемократската младина го избра новото раководство

Објавено пред

На првата седница на Централниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), која се одржа денеска, беа избрани новите тела и органи на младината со мандат од две години.

Како што се наведува во соопштението од седницата, за Генерален секретар е избран Гордан Шутаров од ЛК СДММ Карпош, за потпретседатели се избрани: Никола Јакимовски – ЛК Крива Паланка, Марија Иванова – ЛК Струмица, Ана Манасиева – ЛК Делчево, Александар Саша Димитријевиќ – ЛК Гази Баба.

Нови членови на ИО на СДММ се Марко Спирковски – ЛК Прилеп, Фросина Мантева – ЛК Радовиш, Иво Спасевски – ЛК Охрид, Блажена Пејовска – ЛК Кичево, Давид Вељковиќ – ЛК Куманово, Jулија Малахова Геровска – ЛК Центар, Дарко Димовски – ЛК Штип, Ана Трифуновска – ЛК Битола, Јана Ханџиска – ЛК Бутел, Орданчо Данев – ЛК Кавадарци, Евгенија Јанакиевска – ЛК Кисела Вода, Велимир Арсов – ЛК Велес, Магдалена Пенова – ЛК Валандово, Роберт Николоски – ЛК Гостивар и Далила Чекиќ – ЛК Ѓорче Петров.

Денеска се одржа и првата седница на ИО на СДММ, во просториите на партијата, со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19.

„СДММ се залага за родова рамноправност и во новиот состав на органите на младите на СДСМ има еднаков број на мажи и жени.

Спремни за новите предизвици, во следните две години ќе работиме активно на зајакнување на улогата на младите во рамки на СДСМ и ќе се бориме за реализирање на барањата и интересите на сите млади луѓе“, стои во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пановски: Неточни се тврдењата по социјалните мрежи дека нема пулмолози во ковид-центрите на Клинички

Објавено пред

Министерот за здравство Венко Филипче, упати благодарност до д-р Никола Пановски, универзитетски професор по микробилогија и голем и докажан стручњак во областа, за тоа што ја прифатил поканата да ги посети ковид-центрите на Интерните клиники во Клиничкиот центар.

Професорот Пановски, откако посетил дел од ковид-центрите на Интерните клиники, направил визита и преглед на пациенти и на нивните болнички истории, до министерот Филипче испратил стручно мислење во кое опфаќа три сегменти – оргазнизација на ковид-центрите, стручен кадар и со каква терапија се лекуваат болните пациенти.

„Организационо солидно се поставени центрите, со јасна поделба на зелена и црвена зона, персоналот е адекватно заштитен, а тоа што јавноста треба да го знае, е дека во сите тие центри постојано има присутен пулмолог, а не како што пишуваат по социјалните мрежи дека таму лекувал на пример офталмолог. Со четворица од нив разговарав, со двајца лично, со двајца преку телефонска видео врска“, пишува професорот Пановски.

Во стручното мислење, Пановски пишува и за начинот на лекување на болни и заразени со Ковид-19. Тој констатира правилно давање на антибиотици и други лекови, посочувајќи случај, со ковид пациент кој има хронично заболување леукемија: „Лекарите со соодветна терапија успеале леукоцитите од 120 да му ги намалат на 35, а ЦРП од 300 на 50“, посочува професорот.

„Што се однесува до терапијата со антибиотици, за дијагнозата пневмонија, се почитуваат протоколите за лекување, и антибиотици се ординираат според клиничката слика, компјутерска слика на белите дробови и комплетни лабораториски наоди, каде се користи и најчувствителниот маркер за диференцијација на вирусна од бактериска инфекција, прокалцитонинот. Се почитуваат протоколите за антибиотска терапија на пневмониии, како на пример монотерапија со респираторен кинолон, или комбинација на беталактам (цефтриаксон) со макролид (азитромицина најчесто) и кај тешките форми, каде нема ефект од оваа терапија или постои сомнение за болнички стекната пневмонија, се ординира карбапенем (имипенем или меропенем) со ванкомицин. Кај еден од случаите кои беа дел од анализата, лице кое покрај ковид има и леукемија, лекувањето е во корелација со хематолог, пациентот имал леукоцити 120, ЦРП 300, а сега со спомената терапија, леукоцитите паднале на 35, а ЦРП на 50. За сега немало потреба од употреба на колистин. Инаку кај нас, особено на КАРИЛ постојат болнички соеви на Грам негативни бактерии кои се остеливи само на колистин“, стои во дописот на професор Пановски до министерот Филипче.

Доктор Пановски посочува дека освен во ковид-центрите на Интерните клиники, треба да се провери како се организирани ковид-центрите во внатрешноста.

Министерот Филипче смета дека од големо значење е стручната експертиза на Пановски, во борбата против вирусот Ковид-19, па затоа професорот има отворена покана да придонесе со своето знаење и искуство и да посети други ковид-центри, во останатите градови низ државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради Ковид-19 во земјава се хоспитализирани 1.282 лица

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 58 болни, а во Куманово 113 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 118, во
ковид-центарот во Гостивар 59, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 64 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на коронавирусот.

Бројките, како што посочуваат од ресорнот Министерство, се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

„Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.282 и има колку 190 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија3 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија5 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија7 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија8 часа

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија8 часа

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет9 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион9 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа10 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа10 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт11 час

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија20 часа

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет22 часа

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија22 часа

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија23 часа

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион23 часа

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа1 ден

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион1 ден

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија1 ден

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Досие