Македонија
Народниот правобранител за „Недела на детето“: Одговорноста за децата е на целата заедница
Сите држави членки на Организацијата на обединетите нации (ООН) првата седмица од месец октомври ја одбележуваат како Недела на детето, со цел да се потсетат дека како потписнички на Конвенцијата за правата на детето потребно е да обезбедат услови за целосно имплементирање на принципите и правата кои произлегуваат од оваа конвенција.
Во таа насока Народниот правобранител, како орган кој води посебна грижа за заштита на правата на детето, преку посебното одделение за деца и лица со попреченост потсетува дека одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас и дека секоја одлука која се однесува за детето или, пак, е во врска со неговите права треба да биде во негов најдобар интерес, без дискриминација и со почитување на неговото мислење.
Упатувајќи апел за подигнување на степенот на чувствителноста на општеството за важноста од почитување на правата на детето, Народниот правобранител нагласува дека сите деца се еднакви во правата, дека на секое дете треба да му се обезбедат услови за нормален живот, топол дом и опкружување, услови да расте со грижата и љубовта од најблиските, непречено да се образува, да има пристап до највисоко ниво на здравствена заштита, како и да биде заштитетно од секаква злоупотреба, насилство или занемарување.
Оваа недела нека биде поттик за сите кои работат со децата или во интерес на децата посериозно и пoпoсветено да продолжат со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата, вклучувајќи ги секогаш кога е тоа можно и потребно, слушајќи го и почитувајќи го нивното мислење, затоа што тоа е еден од начините на кои општеството ќе покаже дека навистина се залага и се грижи за доброто на секое дете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

