Контакт

Македонија

„Најбогатиот Македонец обвинет за висока корупција, Арсовска заработи кривична, матичните книги пробиени“, матни настани на листата на „Транспаренси Македонија“ за јули

Објавено пред

Како дел од проектот наречен „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл-Македонија“, денеска ги објави настаните актуелни во јули.

dobivaj vesti na viber

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ на листата на матни вброи неколку настани што се случија минатиот месец.

Листата ја објавуваме интегрално:

Продолжува црната листа на САД

Најбогатиот Македонец обвинет за висока корупција, поткуп на владини функционер и дестабилизација на државата

„Г. Јордан (Орце) Камчев ја злупотребил својата позиција ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија“, изјави потсекретарот на Министерството за финансии на САД, Брајан Е. Нелсон, и додаде: „Остануваме посветени на повикување одговорност на сторителите на корупција“.

Активно топло лето на ДКСК

Антикорупциската го одмота клопчето на Сеад Кочан, „Трансмет“ и „Пуцко петрол“, државата оштетена за милионски суми, вмешани обвинители, судии, нотари, извршители и проценители

ДКСК откри низа злоупотреби со кои е оштетен буџетот на РСМ и донесе одлука до ОЈО ГОКК да достави иницијатива за сомнежи за намерно оштетување доверители – РСМ и други по пат на фалсификување документација, измама и перење други приноси од казниво дело, со цел обезвреднување имот што бил во сопственост на РСМ и преземање на неговата сопственост од страна на друго правно лице.

ДКСК бара кривичен прогон на Даштевски и други лица од ДИК за набавката на фингерпринт-уредите

ДКСК одлучи да поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење за сите одговорни во Државната изборна комисија (ДИК) до ОЈО ГОКК, а во врска со набавката на опремата за гласања со идентификација на отпечаток од прстот. Антикорупционерите сметаат дека при набавката е сторена штета врз буџетот на РСМ преку пропуштање дејства, ненавремено постапување, непостапување и злоупотреба на службената положба во корист на трети лица.

Арсовска заработи кривична пријава – антикорупциската вели дека градоначалничката именувала директори спротивно на законот

Според ДКСК, Арсовска свесно постапила спротивно на член 353 од Кривичниот законик со незаконското поставување в.д. директори на МКЦ и на Зоолошката градина бидејќи таа постапувала спротивно на законските одредби.

Матичните книги пробиени – трговија со личните податоци на граѓаните

ДКСК отвори сериозни сомнежи за трговија со милиони лични податоци на македонските граѓани и најави кривични пријави против двајцата поранешни директори на Управата.

Acta non verba – actions speak louder than words

„Труст“ ги замрзна односите на ЈО и ДКСК: Антикорупционерите се обидуваат да влијаат врз постапките на Обвинителството – Јавното обвинителство ја прими иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“ иако ја оценува како целосно беспредметна и непотребна и смета дека е крајно нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои Обвинителството веќе постапува откако на вчерашната седница ДКСК алармира за нанесена милионска штета врз буџетот преку злоупотреби со имотот на „Трансмет“ на осудениот бизнисмен Сеад Кочан.

Правосудство и други разочарувања

Шефот на Вишото јавно обвинителство поднел кривични пријави за двајца обвинители по тврдењата на сопственикот на „Доказ М“ дека му давале информации од ОЈО

Шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, рече дека иницирал дисциплински постапки и поднел информација во форма на кривична пријава против двајца обвинители по тврдењата изнесени во порталот „Доказ М“ дека двајца обвинители соработувале со сопственикот во пишување.

Поднесена кривична пријава против претседателот на Управниот суд

Кривичната пријава против првиот човек на овој суд, како што објавува ТВ „Алсат“, ја поднеле вработени поради сомнежи за злоупотреба на службената должност. Како една од причините за пријавата против Бурим Сејдини се сомневања за манипулирање со АКМИС-системот за електронско распределување предмети.

Драмата во Судскиот совет продолжува

Правда: Судскиот совет со месеци не ја санкционира претседателката на кумановскиот суд за злопупотреби на АКМИС

Министерството за правда ве информира дека и покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолжува и не постапува по извештајот, кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб-страницата на Советот.

Во „бистри“ настани за јули, „Транспаренси интернешнл – Македонија“ ги вброи следните случувања:

Апсења бизнисмени и инспектори во УЈП, кои давале фиктивни потврди за пребивање данок, меѓу уапсените и Исмет Гури од ДУИ, веќе осуден во „Титаник 3“

Големи фирми се оштетени со шемата на злосторничкото здружение во Управата за јавни приходи, на чие чело со години бил Исмет Гури, кој пред да биде неправосилно осуден за фалсификување изборни резултати во Чаир во корист на ДУИ директорувал со сектор во УЈП, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

Судот пресуди: Агенцијата за филм не смее да ги стопира проектите на „Банана филм“ на Манчевски

Управниот суд го прифати барањето на „Банана филм“ да се донесе привремена мерка против Агенцијата за филм. Имено, Агенцијата ги стопира исплатите за веќе одамна завршениот филм „Кајмак“ во продукција на „Банана филм“ и во режија на Милчо Манчевски, а го стопира и потпишувањето на преддоговорот за филмот „Биста“ („Збогум, Копакабано!“), кој доби поддршка на минатогодишниот конкурс на Агенцијата.

Поранешен управен судија осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба

Основниот кривичен суд Скопје ја објави првостепенaта пресуда за предметот против обвинетиот М. Ш., судија во Управниот суд, со која обвинетиот го огласи за виновен за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по чл. 353 ст. 5 в.в. со ст. 3 и в. в. со ст. 1 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 5 години, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Уапсена радовишанка вработена во катастар, зела мито од 2.000 денари, банкнотата била обележана

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ја лишиле од слобода С. Д.  (61) од Радовиш, вработена во Агенција за катастар на недвижностите, Подрачно одделение Радовиш. Таа се сомничи дека на 8.6.2023 изготвила договор за отстапување имот на жител од Радовиш, кој требало да биде изготвен од адвокат и за тоа неосновано побарала паричен надомест од 2.000 денари, кој на 4.7.2023 година ѝ бил даден.

За лични документи зела пари на рака, службеничка во МВР украла 600.000 денари

Одделот за внатрешна контрола на МВР подесе кривична пријава против вработена во Отсекот за управни работи во Штип, а задолжена за Виница, затоа што е осомничена дека за лични документи им зела на луѓето пари во кеш и заработиле 600.000 денари.

Македонија

Филипче: Мицкоски е скапо платен спроведувач на интересите на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија

Објавено пред

Од

За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава заложник на туѓи интереси, кажа претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.

„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.

Тој обвини дека Мицкоски со новите задолжувања направил вистинско предавство на интересите на државата.

„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.

Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче рече дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Објавено пред

Од

На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање рече дека кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон.

dobivaj vesti na viber

„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче.

Оценувајќи ги меѓупартиските релации, тој во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти.

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се „бореле со Бугарите“, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против „бугарски диктат“ а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок

Објавено пред

Од

Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок, најави премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.

dobivaj vesti na viber

„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба , туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга“, кажа Мицкоски.

Тој истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.

„Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме“, посочи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија9 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија9 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија10 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија13 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија14 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ15 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ17 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион19 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа19 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа20 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет20 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет21 час

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет21 час

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет21 час

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија1 ден

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија1 ден

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија1 ден

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија1 ден

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија2 дена

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...