Контакт

Македонија

На инфективните одделенија во земјата се лекуваат 985 пациенти

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 573 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациент позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп – 70, во ковид-центарот во Гостивар – 37, а во Струга – 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 52 пациенти, во Кочани – 15, во Кичево – 10, Кавадарци – 29, во Гевгелија – 14 лица, а во Дебар – 5 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусто шѕо се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 985 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија

Најмногу снег на Попова Шапка

Објавено пред

Утрово на Попва Шапка има највисока снежна покривка од 40 сантиметри.

Според последните информации од УХМР, снег има и во Лазарополе (23 сантиметри) и Маврово (13).

Температурите секаде се над нулата, освен во Лазарополе каде е измерен -1 степен.

Инаку, времето денеска е облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но главно ќе слабеат по интензитет.

Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата. На повисоките места ќе се формира снежна покривка, а на планините дополнително ќе се зголеми, но поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.

Температурата во текот на денот ќе се намалува, па мaксималните вредности на повеќето места ќе бидат оние измерени утрово, во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе преминат во снег, но ќе ослабат. Ќе дува силен северен ветер. Максималната температура ќе биде околу 5 степени, а преку денот ќе се намалува.

Прикажи повеќе...

Македонија

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

Објавено пред

За Португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва.

Како претставник од земјата која е претседавач со Советот на ЕУ, тој рече дека во рамките на нивните надлежности ќе направат сѐ што е во нивна моќ, да се динамизира дијалогот за усогласување на Преговарачката рамка и формално да се отпочнат пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Ова беше истакнато на средбата што ја оствари Силва со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на првиот ден од работната посета на Брисел.

На состанокот беше отворено европското досие на Северна Македонија, за што двете страни разменија мислења за идните можни чекори кои би се реализирале под палката на Португалското претседателство со ЕУ.

Димитров и Османи беа едногласни за време на разговорот дека евроинтегративниот процес мора да добие засилено внимание особено во случајот на Северна Македонија која од март минатата година има консезуална одлука од сите земји членки за отпочнување на преговорите. Тие ја потврдија посветеноста на земјата кон реформскиот процес, нагласувајќи дека јасната перспектива на земјата како идна полноправна членка на ЕУ, претставува најсилен поттик за продолжување на реформскиот процес и инкорпорирање на европските вредности дома.

Силва даде осврт и на приоритетите на Претседателството кои се насочени кон социјална, дигитална и зелена Европа; со зајакната доверба на нејзините граѓани во европскиот социјален модел; промовирање на Унија заснована на заеднички вредности, солидарност, трансформација и кохезија – Унија способна на координирана акција за закрепнување од кризата предизвикана од Ковид-19.

Средбата беше одржана на маргините на вчерашниот Совет за надворешни работи на ЕУ на кои присуствуваа министрите за надворешни работи на земјите членки.

Во рамките на вториот ден од посетата, предвидени се заеднички средби на Димитров и Османи со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, со специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак, како и со претставници на Генералниот директорат на ЕК за соседство и преговори за проширување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров и Османи во Брисел на состаноци со министрите од Шведска и Финска

Објавено пред

Во рамките на работната посета на Брисел, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на Советот за општи работи на ЕУ, попладнево остварија средби со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде и со министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто.

Акцент на разговорите на сите средби беа следните чекори на европскиот пат на Северна Македонија, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Димитров и Османи потсетија на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период, како на домашен план, така и на планот на унапредување на регионалните, и пред сѐ, на добрососедските односи.

Министрите Линде и Хависто изразија конзистентна и принципиелна поддршка за нашите европски интеграции.

Посетата на Брисел на Димитров и Османи продолжува со средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За Португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија30 минути

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е било која етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е било која етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа51 минута

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет12 часа

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет14 часа

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија14 часа

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Свет15 часа

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер, Борис Џонсон, бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19 пред...

Топ16 часа

Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички,...

Македонија19 часа

Законот за лекови доби зелено светло, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

Измените на Законот за лекови и медицински помагала со кој се уредува набавката на вакцините од компанијата „Фајзер“ го помина...

Македонија19 часа

Шестмина починати и 63 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на...

Европа20 часа

Руските научници тврдат: Ова е прва микроскопска слика од британскиот вид на коронавирус

Научници од „Роспотребнадзор“, руската федерална агенција и надзорно тело во јавното здравство, тврдат дека први направиле микроскопска слика од британската...

Македонија20 часа

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението. Oд кабинетот на Пендаровски информираат...

Македонија21 час

Царовска: Законска обврска е да ја организираме матурата за учениците кои се пријавија за полагање

Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците коишто планираат да го продолжат образованието,...

Топ21 час

Возач итно пренесен во болница откако со автомобил се забил во банкина кај „Мавровка“

Автомобил марка „пежо“ удри во банкината на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Според очевидци, инцидентот се случил околу 11 часот...

Македонија22 часа

Новиот британски вид на коронавирусот не е детектиран според последните анализи на МАНУ

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика...

Топ23 часа

Казни од по 2.000 евра за скопјани затекнати на групна прослава во стан во Капиштец

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за казни од по 2.000 евра за лица кои не ги почитувале мерките против...

Свет23 часа

Во пукање во Индијанаполис петмина мртви, меѓу кои и бремена жена

Пет лица, вклучително и 19-годишна бремена жена, се убиени во пукање во северниот дел на Индијанаполис. Еден малолетник е тешко...

Топ23 часа

Притвор за тренер по џудо од Прилеп кој сексуално злоупотребувал малолетни ученички

Прилепското основно јавно обвинителство поведе постапка против маж на возраст од 46 години, за кој постои сомнение дека сторил продолжено...

Регион24 часа

Брисел денеска расправа за дистрибуција на вакцините за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок ќе разговараат за ажурирањето на стратегијата за дистрибуција...

Европа24 часа

Од денес заострени мерки во Австрија, задолжителна маската ФФП2

Откако дневниот број на новоинфицирани во Австрија остана на постојано високо ниво, но и поради појавата на британскиот вид коронавирус,...

Досие