Македонија
На инфективните одделенија во земјата се лекуваат 330 пациенти со Ковид-19
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, соопшти Министерството за здравтво.
По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 26 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 35 пациенти, во Прилеп – 34, во ковид-центарот во Гостивар – 18, а во Струга – 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани – 2 во Кичево – 16, Кавадарци – 21, во Гевгелија – 6 лица, а во Дебар – 11 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во Скоппје и во болниците во земјата е 610 и има околу 603 празни болнички кревети во ковид-центрите.
„Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температура до 16 степени, од петок дожд и снег
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени, jавува УХМР.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
До петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури. Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места.
Македонија
(Видео) Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси
Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот истакна дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, што беше образложение на власта за одбивање на амандманот.
„Основната лекција во креирање буџет е да има приходна и расходна страна, ако на приходната страна нема пари, не може да има трошок на расходната страна. Велите гледаме да купиме 120 автобуси, а ги нема ви буџетот, како 35 милиони за Мајка Тереза универзитетот, што ги најдовте, а во буџетот се предвидени одвај 100.000 евра“, рече Битиќи.
Тој истакна дека денеска тие шест еколошки автобуси, не изникнаа, тоа пред 5 години е влезено во програмирање, така се води држава, една партија почнува, друга ќе продолжи, тоа е нормален начин.
„Вашата градоначалничка во Скопје, требаше да купи 250 еколошки автобуси, па БРТ, за да денеска нема ни БРТ, ни еколошки автобуси, гледаме дали Белград ќе ни даде. Не само да кажуваме дека планираме, три години видовме во Скопје како се планира, и како не се купуваат 250 автобуси, порача пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Македонија
Поради сообраќајна незгода, во прекин сообраќајот на патот Велес-Градско
Од 18:40 сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.