Македонија
На Клиниката за неврохирургија воведена иновативна метода во лекување на пациенти со мозочно крварење
Министерството за здравство информира дека утрово на УК за Неврохирургија, се воведе нова метода во лекување на пациенти со мозочно крварење.
Операцијата е извршена со новиот иновативен уред-дволуменски систем кој истовремено овозможува следење на интракранијалниот притисок, испирање на коморниот систем на мозокот и дренажа на цереброспиналната течност.
Овој систем веќе континуирано се употребува во секојдневната клиничка пракса во неколку земји во светот како САД, Германија, Португалија и Холандија. Од денеска овој иновативен уред се става во континуирана употреба и на Клиниката за Неврохирургија, а ние сме единствена земја во Југоисточна Европа каде ќе се врши оваа метода, велат од Министерството за здравство.
Според соопштението, операцијата ја извршил министерот за здравство и неврохирург д-р Венко Филипче, со асистенција на неврохирурзите д-р Владимир Рендевски директор на Клиниката и д-р Благој Шунтов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

