Македонија
Мицкоски инсистира да го посети Јанакиески: „Да не ја правиме голема“

На претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не му беше дозволено да го посети ексминистерот Миле Јанакиески во болницата „8 Септември“. Обезбедувањето му го попречи патот и му укажа да побара одобрение од судот бидејќи на Јанакиески му е изречен 30-дневен притвор.
„Да не ја правиме голема“, му рече Мицкоски на обезбедувањето.
Со Мицкоски беа и Владо Мисајловски, Игор Јанушев и Јохан Трчуловски, кои останаа пред болницата.
Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои вчера им беше одреден 30-дневен притвор поради настаните за 27 април, денеска беа претепани во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари по што Јанакиески беше хоспитализиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МОН: Во ниту еден случај нема да дозволиме било кој ученик да остане без учебник

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.
Од ова министерство потенцираат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изнесување на невистини поврзани со промените во образовниот систем кои многу одамна, како што посочуваат од министерството вклучително и во времето кога оваа политичка партија раководеше со институциите на системот требаше да се случат.
„Во интерес на објективното информирање на јавноста, би сакале да потсетиме дека согласно транспарентноста на целиот процес на реформи и најавите, од следната учебна година се воведува комбиниран модел на примена на материјалите за учење, што подразбира употреба и на печатени и на дигитални учебници. За учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници, бидејќи тоа е период во кој треба да се развие однос кон на детето кон книгата. Додека за учениците од четврто и погорните одделенија прва опција ќе бидат дигиталните учебници, имајќи предвид дека кај нив веќе се развиени вештините за примена на ИТ технологија и електронски алатки“, напоменуваат од МОН.
Од ресорното министерство нагласуваат дека доколку по нивна волја, учениците се изјаснат дека сакаат наставата да ја следат од печатен учебник, тоа ќе биде овозможено од училиштето. Доколку пак, сакаат но немаат можност за користење на дигиталните учебници, училиштата ќе бидат должни да им дадат на времено користење ИТ уред, за што веќе се прават планови и подготовки секое училиште се опреми библиотека со соодветен број на таблет компјутери.
„Министерството за образование и наука во ниту еден случај нема да дозволи било кој ученик да остане без учебник независно дали е тоа електронски или печатен. Образованието е загарантирано право на секој ученик и ние тоа го обезбедуваме и го надградуваме“, потенцираат од министерството за образование.
Од таму упатија апел до политичките партии наместо непотребно трошење време и ресурси за одржување прес конференции и изнесување лаги и манипулации, тие да престанат да ја мешаат политиката во образованието заради остварувње на дневно политички агенди и поени, или да дадат поддршка на промените кои ќе се случат и да учествуваат во нивната имплементација и постигнување на ефектите кои ќе значат фаќање чекор со современиот образовен свет, сугерираат од МОН.
Македонија
Османи на средби со косовскиот политички врв

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре (23 април) ќе оствари официјална посета на Косово.
Покрај средбата со својот домаќин, министерката за надворешни работи, Доника Грвала Шварц, министерот ќе оствари средби и со косовската претседателка Вјоса Османи, претседателот на парламентот Глаук Коњуфца, како и премиерот, Албин Курти.
Како што информираат од ресорното министерство, за време на посетата ќе бидат разменети мислења за прашања значајни за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, идните проекти и приоритети, кои ќе бидат тема и за идната заедничка владина седница, перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена.
Воедно, се очекува да бидат разменети мислења во врска со актуелните состојби во регионот и безбедносните прашања.
Македонија
Од мај стартува електронскиот упис на првачиња

Од први мај се воведува нова услуга за електронски упис на првачиња.
Преку порталот uslugi.gov.mk родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.
Новата дигитална услуга денес ја промовираше министерката за образование и наука, Мила Царовска, заедно со претставникот на британската амбасада во Скопје, Ричард Малион, извршната директорка на ЦУП Неда Малеска -Сачмароска и со Стефан Богоев градоначалникот на општина Карпош при посетата на ОУ „Вера Циривири Трена“.
„Оваа година благодарение на Центарот за управување со промени (ЦУП) и британската амбасада голем дел од услугите кои ги нуди МОН се дигитализираа, а посебно сум горда на оваа услуга која го олеснува пристапот на родителите кон упис на нивните деца и наши ученици во образовниот систем. Тоа ќе го направат со прикачување на сите потребни документи и откако тој административен процес ќе се заврши имаат само една посета во училиштето на средба со педагогот и проценка и понатамошно започнување на процесот на образование на еден ученик“, рече Царовска.
Од ресорното министерство нагласуваат дека услугата за електронски упис на првачиња е големо олеснување и за администраторите во училиштата, бидејќи наместо нив, податоците за секој запишан ученик се внесуваат автоматски во ЕСАРУ системот, каде се води евиденција за сите училишта во државата.
За користење на алатката од страна на училиштата, предвидени се соодветни обуки кои започнуваат уште утре.
Царовска воедно најави дека во следниот период ќе се дигитализираат и низа други услуги поврзани со основното и средното образование, но и во делот на науката.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?