Македонија
На работа се враќаат родители на деца до 10 години и вработените во институции поврзани со изборите

Според одлуката на Владата, на работните места и во редовен работен процес се враќаат само родителите на деца вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата и вработените во институциите надлежни и со зголемен обем на работа за време на изборниот процес.
На 74-тата седница одржана вчера, Владата донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување внесување и ширење на Ковид-19, со што го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите лица што се ослободени од работа и работни активности – родители на деца до 10-годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата што се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.
Дополнително, со оваа одлука на своите работни места и во редовен работен процес се враќаат сите вработени во институциите, кои за време на претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието имаат зголемен обем на работа во делокругот на нивната надлежност поврзана со изборниот процес (на пример: Државната изборна комисија, Основниот и Вишиот управен суд и други), и кои досега по разни основи беа опфатени и ослободени од работни активности со мерките и препораките на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат листите на чекање.
Тој ги повика неговите колеги, без надомест да покажат хуманост, исто како што беше примерот на кардиохирурзите од Ниш, кои од почетокот на годината во саботите и неделите оперираа пациенти.
„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“ изјави Меџити.
Македонија
(Видео) Северина направи гужва на „Рузвелтова“

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Мош“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“
Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Според очевидци, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.
Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.
Македонија
Змија во центарот на Скопје:„Ништо не е искосено, права џунгла“

Змии шират паника кај скопјани. На социјалните мрежи е споделена фотографија од змија, која, како што е наведено, се појавила на паркинг во центарот на Скопје.
„Змии шетаат во Центар. Ништо не е искосено, права џунгла е“ пишува во еден од коментарите под фотографијата.
Засега нема информации за каков вид на змија станува збор, но луѓето треба да бидат внимателни во овој период кога температурите се повисоки и змиите излегуваат.
Змија вчера беше забележана на кејот на Вардар, каде има поголемо движење на луѓе. Претходно змии имаше и во Аеродром, а ист проблем беше и лани кај МНР.