Македонија
Откриени 22 случаја на коронавирус по прославата во Охрид и по свадбата во Скопје
Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека во Охрид, на семејна прослава, на која имало речиси 200 луѓе, има осум позитивни на коронавирусот, а 40 контакти се во изолација.
Друг нов кластер има во Скопје, каде што имало свадба, на која биле присутни 100 лица. Од нив, досега се евидентирани 14 позитивни на Ковид-19.
Филипче рече дека епидемиолозите во овој случај имале голем проблем бидејќи присутните на свадбата одбивале да соработуваат.
Според него, голем проблем во земјата претставува фактот што голем број од заболените од коронавирусот не даваат точни податоци на епидемиолошката анкета и одбиваат да ги кажат контактите.
„Уште еднаш апелирам, да се кажуваат точни податоци бидејќи имаме неколку случаи во кои поради неточни податоци, повеќе здравствени работници сега се во изолација. Оваа битка здравствените работници не може да ја добијат сами“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

