Македонија
(Видео) Неврохирурзите од Македонија незаинтересирани за усовршување кај Мемет Озек, педијатриски неврохирург кој пет години нема изгубено пациент
Македонските неврохирурзи немаат интерес да супспецијализираат педијатриска неврохирургија кај еден од водечките детски неврохирурзи во светот – Мемет Озек, вработен во истанбулската болница „Аџибадем Алтунизаде“. Во оваа болница функционира посебен оддел за педијатриска неврохирургија, кој нуди и стипендии за лекари што бараат усовршување, но од Македонија, и покрај покажаниот интерес, не добиле ниту едно барање за соработка. Тимот на доктор Озек има 600-700 операции годишно, а последните пет години нема ниту еден починат пациент.
„Досега никој од Македонија нема стапено во контакт со мене ниту на телефон ниту по е-пошта, на ниеден начин. Вратите кај нас се отворени за сите“, вели Озек, кој тврди дека во Македонија има одлични неврохирурзи со кои може да соработува доколку покажат интерес за усовршување.
Кај него најчесто доаѓаат деца со тумори длабоко во мозокот, деца со спастицитет, со церебрална парализа, деца со вродени оштетувања на ‘рбетот и на ‘рбетниот мозок и деца со епилепсија. Озек вели дека најважно за успешните операции е да се реагира колку е можно порано, понекогаш и веднаш по раѓањето, но и милтидисциплинарниот пристап кон пациентите за што е потребен тим на чие формирање тој работи веќе 25 години.
„Повеќето од пациентите што доаѓаат кај нас имаат тумори во мозокот, деца со спастицитет, голем број од нив се деца со дијагноза церебрална парализа. За да работите со овие пациенти, мора да имате екипа. Мора да се работи со екипа во која има ортопед, невролог, неврохирург и доктор за анализа на движење, во екипата мора да има физиотерапевт, работиме со мултидисциплинарна екипа“, вели неврохирургот Озек.

Гостиварецот Енис Шабан веќе тринаесет години врши анализа на движењето на пациентите во болницата „Аџибадем Алтунизаде“
Во неговата екипа има Македонец. Гостиварецот Енис Шабан веќе тринаесет години врши анализа на движењето на пациентите што доаѓаат кај нив. И тој е зачуден зошто македонските лекари не доаѓаат во Турција на усовршување, но вели дека ги разбира.
„Познавам многу колеги од Македонија, кои кога би дошле, би добиле многу искуство за нешто да се направи во Македонија. Кога ги гледам државите од Балканот, кога одам таму на семинари и на курсеви, сè некако ми личи дека не сме поминале од старото на нешто ново. Особено имаме проблем со старите генерации затоа што тие се останати меѓу комунизмот и капитализмот. Овие промени полека се случуваат во балканските земји. Со помладите специјалисти што сакаат нешто да научат имаме контакт. Јас сакам да дојдат овде бидејќи се од мојата земја, а и професорот има посебен однос оти една половина од неговата фамилија е од Призрен. Тој многу цени да работи со луѓе што доаѓаат од Балканот. Во нашата екипа голем број од колегите се од Балканот. Луѓето што доаѓаат од Балканот се многу вредни, многу работат и многу се бистри, вели професорот. Планот за соработка со колегите е уште од 2010 година, секогаш сакавме нешто да направиме, но бавно оди. Не знаеме како да ја забрзаме оваа ситуација“, вели Шабан.
Тој смета дека државната неврохирургија во Македонија може да биде и подобра имајќи предвид колку неговите колеги овде се трудат, но сепак вели дека некои работи не зависат само од нив, туку и од технологијата.
Нивниот тим во „Алтунизаде“, болницата во Истанбул, користи најнова технологија за снимање на пациентите. Имаат магнетна резонанција која не само што го снима туморот во мозокот туку прецизно го следи и неговото движење, што ја олеснува операцијата. Тимот прави и ендоскопски операции како помалку инванзивна метода.
Половина од пациентите се од странство, а меѓу нив често имаат пациенти и од Македонија. За децата од Турција нема олеснувања во плаќањето, операциите ги плаќаат приватно оти немаат договор тоа да биде на државен трошок.
„Во 21 век, ако сакате добра дијагностика и добро лекување, потребна е голема и добро развиена технологија. Развиената технологија, за жал, не е бесплатна. Цените се движат од 5 до 40 илјади долари во зависност од дијагнозата. За тумор, во зависност од местото каде што се наоѓа, цената на операцијата е од 25 до 40 илјади долари“, вели Озек.
Тој до неодамна бил и претседател на Здружението на педијатриските неврохирурзи на Европа и вели дека се многу ретки болниците во светот што работат со тимови за педијатриска неврохирургија. Во Европа такви тимови има во Лондон и Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

