Македонија
Негувателка во градинка во Битола заразена со коронавирус, во изолација деца и вработени
Негувателка во детска градинка во Битола е меѓу новозаболените од коронавирус поради што, пет деца, кои се згрижени во објектот, заедно со пет вработени, ќе бидат во домашна изолација наредните 14 дена поради контакт со неа. Вработените работеле како воспитувачки и негувателки. Ова е прв случај на заразен вработен во градинка по само два дена откако Владата по препорака на Комисијата за заразни болести донесе одлука тие да почнат со работа. Засега нема информација како негувателката се заразила со коронавирус.
Според протоколите што беа донесени, сите вработени, додека се на работното место, мора да носат заштитни маски, а на децата мора да им се мери температурата уште на влезот на градинката, додека за време на престојот децата треба да се организираат на начин на кој ќе се избегне меѓусебен контакт на рачни воспитни групи, сместени во одделни простории во согласност со мoжностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено кога времето го дозволува тоа и во помали групи.
Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето од каква било природа, не треба да го носи детето во градинка и треба да се јави кај матичниот педијатар. Родителот при првото и при секое повторно, по болеста, вклучување на детето во градинка треба да донесе лекарска потврда од матичниот лекар.
Инаку, освен негувателката, во Битола денеска се регистрирани и други шест нови случаи на заразни со коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

