Контакт

Македонија

Независната пратеничка група: Изборот на државен ревизор не е закочен поради нас

Објавено пред

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ги отфрлаат информациите дека изборот на државен ревизор е закочен поради барањето нивните пратеници да бидат распоредени во собраниските тела.

„Остро ги отфрламе шпекулациите дека изборот на државен ревизор и други значајни прашања е закочен поради нашето легитимно барање да ги добиеме позициите што ни следуваат според Деловникот на Собранието. Воедно, ја информираме јавноста дека нашето барање е поднесено на последната седница на Комисијата за избори и именувања, а ревизорот не е избран веќе 2 години“, велат од независната пратеничка група.

Оттука информираат дека власта и опозицијата не треба да манипулираат и да почнат да се однесуваат поодговорно и да не бараат изговори за својата неефикасност, туку да понудат решенија во интерес на граѓаните.

Македонија

Мицкоски: Имам информации дека овие денови Заев ја продава Македонија во Софија

Објавено пред

На денешниот протест за оставка на Зоран Заев и слобода на народот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на масовни протести бидејќи има информација дека деновиве Заев ја продава Македонија.

„Излезете браќа и сестри и помогнете и на Македонија. Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет, да не дозволиме и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден и да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата, тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Зоран Заев подготвува национален пораз, но од секој од нас зависи дали тоа ќе го промениме.
„Јас како човек и поединец можам да направам многу работи, но сите заедно, сплотени еден до друг можеме да направиме се. И за оваа битка драги пријатели потребен е народ. Младо и старо, машко и женско треба да се одважи и да се спротивстави“, порача Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ако сега во овие часови, денови не излеземе и не се спротивставиме ќе биде предоцна.

„Ако сега не излеземе и дадеме отпор подоцна ќе немаме право да велиме зошто не ги променивме работите. Сега можеме а за тоа е потребен секој еден од вас. Сега за да не биде предоцна. Сите кои имаме разлики и забелешки едни кон други мораме да ги заборавиме, за да спречиме ново бришење и ново виткање на кичма“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЛДП и Демократски сојуз донираа книги и учебници во Пустец

Објавено пред

Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз, денес во Пустец, Албанија донираа учебници на македонски јазик за Македонците, ученици во заедничкото основно и средно училиште „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“.

Донацијата од 540 книги и учебни материјали поточно комплети учебници, работни тетратки и збирки задачи по предметите Математика и Природни науки за учениците од прво до петто одделение, беше врачена од страна на претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски и претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Директорот на училиштето во Пустец, Трајан Вангеловски, градоначалникот на Пустец, Пали Колефски и пратеникот во парламентот на Република Албанија, Васил Стерјовски се заблагодарија на донацијата на книги која ќе им овозможи на учениците полесно совладување на наставната програма.

Според одлуката на Владата во Тирана, Македонците во Албанија имаат право на настава на македонски јазик во основното образование, но се соочуваат со недостиг на учебници по соодветните предмети на македонски јазик.

Во училиштето во Пустец учат 125 ученици во основното образование, и 30 ученици во средно. Во општината Пустец која опфаќа 9 населени места живеат 6000 жители, кои се Македонци по националност.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Започна аплицирањето за поправка и санација на кровови и лифтови во Општина Центар

Објавено пред

Врз основа на Програмата за комунални дејности на Општина Центар за 2020 година, ставка ГДО – Субвенции за замена на кровови и поправка на лифтови, под број 08-6270/32 од 26.12.2019 година (Службен Гласник бр.25 од 2019 година,) донесена од страна на Советот на Општина Центар, Општина Центар објавува јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбени згради на подрачјето на Општина Центар.

„Трета година по ред Општина Центар објавува јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и станбени згради. Досега се санирани 53 станбени објекти, а проектот е поддржан со средства од буџетот на Општина Центар во висина од 30% од вкупниот износ на вредноста. Ги повикувам сите заинтересирани граѓани и сопственици на заеднички делови од станбените згради да се пријават, да аплицираат на јавниот повик и со тоа да помогнеме, заедно да ги направиме станбените објекти подобро и похумано место за живеење“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од општинскиот буџет, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, поднесена од заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици. Селекцијата на одбрани апликанти ќе се врши по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

Право на учество имаат сите заинтересирани заедници на сопственици на станови, под следните услови: Доколку се работи за реконструкција на постоечки кровни конструкции, тие треба да бидат оштетени, доколку се работи за поправка и санација на лифтови, тие треба да бидат неисправни, но постоечки; сопствениците на станови да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбена зграда; и најмалку 70% од становите во зградата (влезот) да се користат (се вселени) во текот на целата  година (вклучувајќи и изнајмени станови).

Пријавите заедно со целата документација можат да се достават секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот директно во архивата на Општина Центар (барака бр.6) или по пошта на адреса ул. Михаил Цоков бр.1 – Скопје, во периодот од 23.11.2020 до 7.12.2020 година.

Повеќе информации и детали за апликација на повикот, вклучително и пријавата за аплицирање, заинтересираните заедници на станари можат да најдат на http://www.centar.gov.mk/?p=10835.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион41 минута

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија2 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт4 часа

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа5 часа

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија6 часа

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет7 часа

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет8 часа

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се оправиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија8 часа

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Свет21 час

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија22 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија23 часа

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија1 ден

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија1 ден

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија1 ден

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија1 ден

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија1 ден

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет1 ден

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет1 ден

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет1 ден

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Досие