Македонија
Нема веќе субвенции за електричен тротинет, останати се 50-ина субвенции за велосипеди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/zena-na-elektricen-trotinet.jpg)
Од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети, во Град Скопје до денеска се поднесени 2.774 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед и 214 барања за субвенции за купен тротинет. Во согласност со овие бројки, Град Скопје ги информира граѓаните дека е исполнета предвидената квота за електрични тротинети, па барања од граѓаните за субвенции за купен тротинет повеќе нема да се примаат. Аплицирањето за субвенции за велосипед е сè уште во тек, а според планираните средства, останати се уште 50-ина субвенции за купен велосипед.
Новитет оваа година е што граѓаните може да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 1 јануари 2020 година. Средствата што Град Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари за лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари за лице, со вклучен персонален данок на доход.
Повиците се спроведуваат по принципот прв дојден, прв услужен. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање субвенција за купување еден велосипед, а тоа важи и за субвенција за електричен тротинет.
Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување велосипед или електричен тротинет, и потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната комисија, преку архивата на Град Скопје, булевар Илинден, број 82, секој работен ден од 9 до 15 часот.
Во буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 10 милиони денари, од кои 8,5 милиони денари ќе бидат наменети за велосипеди, а 1,5 милион денари за електрични тротинети. Во согласност со предвидените финансиски средства, Град Скопје годинава ќе додели субвенции за речиси 2.800 велосипеди и приближно за 215 електрични тротинети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.