Македонија
Нема да се преиспитува пресудата за „Јавна соба“ од Врховен суд, барањето е одбиено
Советот за казниви дела при Врховниот суд одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба“.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп 2. бр. 23/2023, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје К. бр. 1851/21 од 11.3.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ. бр. 588/22 од 24.11.2022 година ги одби како неосновани“, велат од Врховниот суд.
Во овој случај жртви на „Јавна соба“ на „Телеграм“ во 2020 година беа девојки, каде што со прикриен идентитет членовите разменуваа телефонски броеви и експлицитни фотографии. По згаснувањето на оваа група, други лица основаа друга група со истото име, кое функционира долго време. И во неа се споделуваа броеви од жени и девојки, но и нивни разголени фотографии.
По четири години затвор за обвинетите за порнографијата во „Јавна соба“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

