Македонија
Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информира дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени 5 тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој е присутен во околината на Армискиот полигон „Криволак“, поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово Брдо“.
Оттука оценуваат дека нема опасност од ширење на пожарот.
„Во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и истиот поради слабиот интензитет на ветерот нема зафатено поголема површина на западната страна на ‘Орлово брдо’. Армиските и инфраструктурни објекти од особено значење се на безбедно растојание од 5-7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот и истите согласно армиските процедури дополнително се обезбедени и со инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина согласно проценките“, велат од Министерството за одбрана.
Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови.
Во текот на денешниот ден во утринските часови со пилотите од воздухопловниот ВИНГ интервенирајќи непрекинато 3 часа со исфрлени 42 тони вода во атарот на населеното место Богданци, со што беше спречено да се префрли пожарот кон населени места и помогна истиот да се стави под контрола, информираа од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) ЦУК: Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили во текот на денот со дејство и од земја и од воздух, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Огнот е опкружен и догорува само во контролираните површини, ‘енклави’ – внатрешно согорува. Со неговото локализирање се прегрупираат силите за негово догасување, така што дел од ангажираните сили ќе догасуваат и ќе дежураат до 24 часот, полноќ, а потоа други сили до рано наутро, кога околу 5:00 часот е предвидено вработени од Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув-Гевгелија да ја проценат ситуацијата на локализираниот пожар на терен, по што, според таа проценка е предвидено избирање на соодветно тактичко дејствување за негово догасување“, се додава во информацијата.
Практично, појаснуваат од таму, денеска преку Центарот за управување со кризи (ЦУК), беше побарана и обезбедена воздушна поддршка, па дејствуваа по пожарот од воздух еден полициски хеликоптер од Министерство за внатрешни работи, еден армиски хеликоптер на Министерството за одбрана и авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со силите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија, Доброволно противпожарно друштво Дојран, Комуналец Гевгелија, Комунално Дојран, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија, ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Валандово, ДЗС – Валандово, МВР ПС Гевгелија и ТППЕ Струмица, а и дел од локално население, за негово гаснење.
Македонија
Лукаревска: Советничката група на СДСМ е нова енергија за Тетово

Изминува речиси една година од промената на локалната власт како во Тетово така и во поголемиот дел од државата и пред очи ни се таканаречените резултати, за инает не се поддржуваат добри проекти, постојано празни ветувања, повикување на претходниците и удирања во гради со проекти од претходниците, не е лошо, полошо е, порача заменик-претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во обраќањето на промоцијата на советничката листа на СДСМ за локалните избори во Тетово.
„Да не дозволиме на 20 август да се изберат луѓе кои ќе бидат покритие уште неколку години, години на празни ветувања. Да бидеме мотивирани и на 20 август употребете го вашиот глас, гласајте за кандидатите за советници од СДСМ, за овие луѓе кои имаат свои идеи, кои ќе работат во интерес на граѓаните и кои нема да молчат ако градоначалникот не работи добро“, порача Лукаревска.
Истакна дека кандидатите за советници од СДСМ се вистинското решение за Тетово.
„Нашите идни советници се новата енергија за Тетово. Тие советници ќе туркаат напред, и ќе бодат гласни и да можат да го кажат вашиот проблем, да нудат решенија за секојдневните а всушност најбитните проблеми од вашето живеење. Централната власт не го заборави Тетово и натаму ќе придонесува за развој на овој град. На 20 август одлучно гласајте за број еден, да не дозволиме општината да биде парализирана и некој да има оправдување дека има нефункционален совет. Гласајте за никој да не биде над вашиот глас, туку да биде во полза на вашиот глас. Да имате убави улици, нови паркови, да имате чист воздух, тоа не е политика, тоа е обврска која ќе ја имаат нашите другари, идните советници“, порача Лукаревска.
Македонија
Десет починати лица, регистрирани 1.233 новозаразени со коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 6.8. 2022 до 8.8.2022):
Направен е 3.561 тест, а регистрирани се 1.233 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 516, Битола – 97, Кавадарци – 72, Гостивар – 55, Прилеп – 54, Охрид -53, Куманово – 47, Тетово – 45, Велес – 40, Струга – 28, Струмица – 27, Неготино – 26, Кичево – 24, Кочани – 20, Штип – 18, Гевгелија – 17, Радовиш -15, Ресен -13, Дебар – 11, Кратово – 8, Свети Николе, Берово и Валандово – по 7, Демир Хисар – 6, Крушево – 5, Делчево и Виница – по 4, Богданци и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.233), регистрирани се 284 реинфекции.
Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од: Скопје – 651, Куманово – 120, Битола – 86, Кавадраци – 85, Охрид – 71, Прилеп – 51, Гостивар – 38, Тетово – 34, Струга – 33, Велес – 32, Струмица – 31, Штип и Неготино – по 28, Кичево – 24, Дебар – 19, Гевгелија – 18, Крива Паланка – 17, Ресен – 14, Кочани и Радовиш – по 13, Кратово – 9, Валандово и Виница – по 6, Берово и Крушево – по 5, Свети Николе – 4, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Делчево – 1.
Во текот на изминатите 3 дена (06.08 – 08.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: Скопје – четири починати лица (91 г, 87 г, 82 г и 77 г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67 г) и Прилеп (83 г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.7. до 28.7.2022година.
Направен е 3.561 тест преку: ИЈЗ-232, ЦЈЗ Скопје-116, ЦЈЗ Битола-102, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово-47, ЦЈЗ Куманово-52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–140, Жан Митрев (Филип Втори)-25, Авицена-81, Биотек-106, Систина-69, лабораторија Лаор-16, Синлаб-9, Ремедика-9, Плодност-22, Генеа-10, Никоб лаб-134, ВФВ Медикал-7, Ели медика плус-19, Ројал медика–0, Спектра-ММ-20, Рапид лаб–11, Жан Митрев Струмица–7, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.274
Досега во земјата се направени вкупно 2.128.711 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 156575, Активни 1562
Куманово 17661, Активни 162
Битола 17124, Активни 267
Прилеп 15023, Активни 183
Тетово 14169, Активни 182
Кавадарци 11581, Активни 171
Велес 10474, Активни 125
Гостивар 10055, Активни 145
Охрид 9760, Активни 226
Струмица 8541, Активни 120
Штип 8504, Активни 91
Кичево 5945, Активни 74
Кочани 5332, Активни 55
Струга 5038, Активни 121
Гевгелија 4654, Активни 64
Неготино 3982, Активни 76
Ресен 2937, Активни 46
Свети Николе 2739, Активни 23
Радовиш 2720, Активни 79
Крива Паланка 2554, Активни 19
Делчево 2026, Активни 11
Дебар 1770, Активни 33
Берово 1757, Активни 22
Валандово 1567, Активни 12
Виница 1430, Активни 15
Пробиштип 1288, Активни 0
Богданци 1060, Активни 14
Кратово 1056, Активни 22
Крушево 993, Активни 30
Демир Хисар 901, Активни 22
Македонски Брод 772, Активни 6
Демир Капија 613, Активни 7
Македонска Каменица 530, Активни 4
Пехчево 493, Активни 0
Дојран 364, Активни 2