Македонија
„Нервозата е лош советник“, Мијалков ги смируваше адвокатот и обвинителката
Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, на паузата од судењето за масовното прислушување ги смируваше адвокатот Петар Василев и обвинителката Ленче Ристоска додека на висок тон разговараа дали адвокатот има право на приговор на воведниот говор на обвинителката.
„Не нервирајте се. Нервозата е лош советник“, ѝ рече Мијалков на обвинителката. По кратката пауза, судењето продолжи. Претходно, судијката го одби приговорот на адвокатите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ дозволило промена на договор за набавка од 10 милиони евра
Според Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ при набавката на уредот за корекција на високонапонски профил од скоро 10 милиони евра инфлагранти исцртале шема како ги испумпувале парите.
„На вчерашната прескоференција кажавме дека претпријатието „Далековод АД“ од Загреб само можело да се јави на тендер и да го добие, истото немало потреба од албанската фирма параван за испумпување на парите.
Дали МЕПСО под раководство на СДС и ДУИ ја поставиле Шанси инвест од Албанија како фирма од која тие требало да ги поделат провизиите?
МЕПСО кое доставило модел договор до добавувачите и барало тој да биде претходно прифатен, откако „Далековод АД“ Загреб го добива тендерот дозволува измена и дополнување на договорот.
Во чл.9 од договорот е дополнето дека доставувач на фактурите ќе биде Шанси инвест од Албанија, а не „Далековод АД“ Загреб, кој всушност е и производител на опремата. Дополнително наведено е дека Шанси инвест ќе биде доставувач на авансната и сите други фактури до МЕПСО.
И студент од прва година правен или економски факултет ќе сфати дека Шанси инвест до МЕПСО доставува фактура, си ја наплаќа провизијата, а потоа му исплаќа на производителот „Далековод АД“ Загреб за опремата“, рече тој.
Го повикаЈО да отвори случај. „Далековод АД“ Загреб, како што оценуваможел сам да се јави на тендерот, и праша зошто не го сторил тоа и дали за тоа бил уценет и од кого.
ЈО, нагласи Петрушевски, мора да го истражи овој случај. Утре продолжуваме со нови детали за оваа скандалозна набавка, нагласи тој.
Македонија
Петровска: ДПМНЕ стави тренер по кик-бокс за директор на АНБ и не почестија со фалсификуван сертификат
„Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ под сомнителни околности и со сомнителен сертификат за познавање на англиски јазик е најголем срам, но и понижување на државата и професионалците кои животот и работниот век го поминале во безбедносно-разузнавачката заедница. Од сите професионалци, ДПМНЕ го одбра тренерот по кик-бокс за директор и не почестија со фалсификуван сертификат“, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска за именувањето на новиот директор во една од најголемите безбедносни институции во државата.
Петровска рече дека СДСМ добиле прашања од свиркачи кои се дел од безбедносниот сектор:
– Каде бил Бојан Христовски на денот на полагањето? Каде престојувал ден или неколку дена пред датумот на полагањето? Што тој знае за скандалозните помилувања? Ова се прашања од јавен интерес – кажа пратеничката.
СДСМ најавува поднесување иницијатива до претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за свикување на седница, на која ќе биде повикан и Христовски.
Македонија
(Видео) Тумор од 35 килограми отстранет од пациент во скопска приватна клиника
Тимот доктори од Клиниката „Жан Митрев“, предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од 35 килограми и 85 сантиметри. Туморната формација, за која анализата покажа дека е бенигна, беше во предел на долниот дел од абдоменот. По направената операција и успешното отстранување на туморот, пациентот е добар и се следи неговото закрепнување, велат од Клиниката.
Ова е многу редок случај да се прифати и успешно да се извади тумор со ваква големина, а за докторите од Клиниката „Жан Митрев“ претставува револуционерен оперативен зафат со кој се спаси животот на пациентот откога беше одбиен за операција од повеќе клиники.
Досега во медицинската пракса во земјата не е направена операција за отстранување туморска формација со ваква големина, а медицинската литература опишува третирање вакви маси до 40 сантиметри должина, се додава во соопштението од Клиниката.