Македонија
Николовска: Власта, спротивно на закон ја продолжува постапката за вработување, која во изборен период мора да е во мирување
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/Ruzica-Nikolovska-21.03.2024.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава односно приговор до државната комисија за спречување на корупција заради прекршување на Изборниот законик, а сторени од страна на Академијата за судии и јавни обвинители. Имено согласно член 8а од Изборниот законик како и согласно одредбите од законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, предвидено е дека од денот на донесување на одлука за распишување на претседателски и парламентарни избори не може да се спроведуваат постапки за нови вработувања ниту да се даваат откази на вработени во јавните и државните институции, а доколку има почнато такви постапки се ставаат во мирување, истакна Ружица Николовска.
Сите сме сведоци, рече таа, во изминатиов период дека од страна на Академијата за судии и јавни обвинители беше објавен оглас за прием на нови 130 слушатели на Академијата при што непосредно сега пред некој ден во месец март е донесена временска динамика од страна на академијата за спроведување на приемниот испит.
Зошто е ова важно?, прашува Николовска.
„Заради тоа што приемот на слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители подразбира дека стекнувањето на статус слушател значи вработување односно засновање на работен однос со Академијата за судии и јавни обвинители со сите права и овластувања како што следуваат од еден работен однос. Сметаме дека тоа ќе влијае на изборниот процес и наместо Академијата да произведува кадри кои што утре ќе ги почитуваат правата и законите, за жал излегува дека Академијата е главниот прекршител на правото во овој момент.
Ова што го поднесовме е пријава односно приговор до Државната комисија за спречување на корупцијата, за што сметаме дека е прв сериозен тест токму за интегритетот на новиот состав на ДКСК“, нагласи Николовска.
Со пријавата бараат истата да се разгледа, да се отвори случај и согласно своите законски ингеренции ДКСК да ги преземе сите потребни законски мерки за спречување на таквите прекршувања.
ВМРО-ДПМНЕ, потсети таа, ќе ги следи овие прекршувања и за истите ќе ги извести и меѓународните организации кои што ги следат изборите како што се ОБСЕ и ОДИХР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.