Контакт

Македонија

Николовски – Кочоска: Преку стратешки пристап до економска трансформација на Македонија

Објавено пред

Се обврзавме на економска трансформација на Македонија и раст на економијата од 5 проценти. Притоа потребни се реформски политики и поддршка во нивното спроведување на највисоко ниво. Резултатите треба да бидат мерливи преку забрзување на транспортот и трговијата, сузбивање на криминалот и корупцијата, подобрување на условите за водење бизнис и привлекување нови директни инвестиции. Ова беа едни од суштинските пораки на денешниот состанок на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која се одржа во кабинетот на министерката, заедно со директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше истакнато дека е потребна жестока борба против криминалот и корупцијата, како и подигнување на институционалните капацитети, што треба да резултира со повисоки стапки на раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Како креатори на политиките, наша должност е да обезбедиме македонската Царина да испорача повисоки резултати во секој аспект од царинското работење. Ова значи подобрување на институционалните капацитети и испорачување подобри резултати, кои ќе бидат ефективни и мерливи, како и имплементација на нова информатичка технологија, што ќе овозможи сузбивање на криминалот, забрзување на транспортот и генерирање повисоки приходи во буџетот. Стратешкиот пристап е клучен, при што институциите ќе работат заеднички за подобрување на условите за водење бизнис и остварување повисоки стапки на раст на економијата“, истакна Николовски и порача дека лично ќе се осигури секој царински службеник да испорача подобри резултати.

Македонија

Меџити се сретна со Гир: Нашиот пат кон евроинтеграциите и чесно и правично владеење е јасно зацртан

Објавено пред

Првиот заменик претсeдател на Владата и истовремено министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, го пречека амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.

dobivaj vesti na viber

На средбата што се одржа во просториите на МЖСПП се разговараше за повеќе актуелни теми како што се бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, уставните измени и владеењето на правото.  Стана збор и за општата стабилност и европскиот дух на новата Влада.

Министерот Меџити му се заблагодари на амбасадорот Гир за укажаната поддршка на патот кон членството во големото европско семејство.

Од друга страна, европскиот дипломат уште еднаш истакна дека граѓаните на Северна Македонија го заслужуваат најдоброто и дека очекуваат Владата максимално да се посвети во извршувањето на своите обврски.

Меџити упати благодарност за досегашната поддршка на ЕУ Делегацијата во реализација на капиталните инфраструктурни проекти,  како и во процесите за пристапување на нашата држава кон Европската Унија.

На средбата се дискутираше и за статусот на тековните проекти  и за предизвиците во реализацијата на Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција во рамки на ИПА II. Идентификувани се предизвиците и се реафирмираше личната заложба на министерот Меџити и на Владата за надминување на истите и за забрзување на процесите за реализација на активностите од ЕУ програмските документи преку кои се користат средства од ЕУ фондовите.

На крајот, министерот Меџити вети дека максимално посветено ќе работи за да покаже како се владее правично, чисто и чесно.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократски сојуз: Времето на уцени од Радев заврши

Објавено пред

Демократскиот сојуз најостро ги осудува заканите од претседателот на Бугарија, Румен Радев, за блокирање на евроинтеграциите на Македонија, заради наводни загрозувања на правата на Бугарите во Макединија или неспроведување на Договорот за добрососедство и Преговарачката рамка.

dobivaj vesti na viber

„Бугарите во Македонија ги уживаат сите права како и другите етнички заедници, а Македонците во Бугарија немаат право ни на формирање на здруженија за негување на своите особености (јазични, културни итн).

Во врска со евроинтеграциите, Демократскиот сојуз ги афирмира следните три работи:

Прво, Советот на ЕУ, да донесе заклучок дека Македонскиот јазик ќе биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ.

Второ, Советот на ЕУ да донесе заклучок дека историските, јазичните, образовните и идентитетските прашања не можат да бидат основа за блокада на евоинтеграциите на Македонија.

Трето, да се обезбеди реципроцитет за правата на Македонците во Бугарија и правата на Бугарите во Македонија.

Во оваа насока ЕУ треба да инсистира на спроведување на одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, во врска со правото на здружување на Македонците во Бугарија.

Овие ставови се доставени и до Урсула Фон Дер Лајен и ЕУ, а се отворени и пред бројни странски дипломати.

Само со заемен респект и почитување на Копенхашките критериуми можно е да се разрешуваат отворените прашања и Македонија да се движи напред“, велат од ДС.

Прикажи повеќе...

Македонија

Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Објавено пред

Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa и ветеринарното јавно здравство, но пред се жестока борба против криминалот и корупцијата. Ова на денешното официјално примопредавање на функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство го истакна новиот прв човек на АХВ, Оливер Миланов.

dobivaj vesti na viber

Тој, на средбата со својот претходник, поранешниот директор на АХВ Николче Бабовски истакна дека дигитална трансформација на институцијта ќе биде во фокусот на неговото раководење со АХВ. Целта е обезбедување на подобра комуникација, но и безбедност на информациите, транспарентност и отчетност, со што како што потенцира тој, ќе ја подигнеме и довербата на граѓаните кон Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Како прв човек на Агенцијата, ќе ја интензивирам соработката со меѓународните организации, пред се со оние од областа на безбедноста на храната и задрвствената заштита и благосостојбата на животните, но и со останатите, со домашните и меѓународните експерти, со медиумите и со другата јавност, со цел унапредување на работењето на институцијата во интерес на граѓаните, бизнис и невладиниот сектор – истакна Миланов.

Бабовски го запозна Миланов со тековните активности во АХВ и му посака успех во работата како прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Време е за напорна работа, резултати, отчетност и транспарентност –порача новиот директор на АХВ, Миланов.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура2 часа

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична, нарачавме ревизија

Целата постапка на преземањето на Универзалната сала на Министерството за култура од Град Скопје е многу проблематична, изјави министерот за...

Македонија3 часа

Главчев: Нема промена во позицијата на Бугарија кон Северна Македонија, бараме почитување на договорите

Позицијата на Бугарија во однос на Република Северна Македонија е непроменета – нашата земја сака да се почитуваат потпишаните договори....

Економија4 часа

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Барањето на синдикалците минималната плата да биде 450 евра новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека ќе...

Македонија4 часа

Mицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи, ако имаат подобра идеја за Судскиот совет, нека ја кажат

Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Еве, ако знаат подобро решение, нека дојдат и нека...

Култура5 часа

Фестивалот „Браќа Манаки“ ги има поднесено сите извештаи уредно и редовно во Агенцијата за филм, тврди директорот Дамевски

Извештајот на работната група, кој ја критикува работата на Агенцијата за филм и Друштвото на филмските работници (ДФРМ), е нарачан...

Македонија6 часа

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на работна средба со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во Атина разговарале за итно интензивирање на...

Македонија6 часа

Герапетритис со порака до Скопје и Тирана: Дејствата со иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, ги нападна Скопје и Тирана во средата за време на состанокот со австрискиот...

Свет8 часа

Русија тврди дека уништила украински „миг-29“ на аеродромот „Долгинцево“

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека на аеродромот Долгинцево во областа Дњепропетровск е уништен украински борбен авион МиГ-29....

Регион8 часа

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС-предупредувања: се приближува силно невреме, град и грмежи

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС-порака поради...

Свет8 часа

(Видео) Ураганот Берил уништува сè пред себе: Јамајка е погодена од ветрови со брзина од 215 километри на час, следно е Мексико

Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на карипскиот остров, јавува...

Свет9 часа

Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски

Американскиот новинар Такер Карлсон, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуира рускиот претседател Владимир Путин...

Регион9 часа

Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос

Силни молњи вчера предизвикаа два пожара на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати...

Македонија9 часа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски, кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата

По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ. „Јавното...

Македонија23 часа

Јавниот превоз ќе продолжи сепак да функционира непречено, откако од ЈСП рекоа дека скопјани ќе останат без приватен автобуски превоз

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе...

Македонија1 ден

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ: Освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска, во седиштето на партијата Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија1 ден

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска, во 00.30 часот, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот кај клучката Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија1 ден

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија1 ден

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија1 ден

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...