Македонија
Николовски од Делчево: За две и пол години, од крв во Собранието стигнавме до НАТО

„Ние сме генерација политичари кои храбро и одговорно се зафатија да го решат тоа што никој досега не го решил за да не губиме време. Затоа што оваа земја нема време за да губи повеќе генерации. Затоа храбро ги донесовме сите одлуки. За само две и пол години, од раб на граѓанска војна и крв во Собранието, стигнавме да седиме на иста маса со Америка, Германија, Франција и најголемите светски сили. Денеска, ви давам збор – нашето мото ќе биде да ги вратиме Македонците тука на истокот, а да извезуваме макаедонски производи. Тоа ќе го постигнеме затоа што го вративме достоинството, затоа што за младите обезбедуваме преспектива, затоа што отвораме нови работни места“, порача Љупчо Никоовски, генераен секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на коалицијата „Можеме“ од синоќешната трибина во Делчево.
Тој потсети дека во 2016 година кога СДСМ барал доверба од граѓаните со конкретни проекти, Никола Груевски, Илија Димовски, Игор Јанушев оделе низ Истoчниот Регион и ги лажеле и манипулирале граѓаните дека ќе има кантонизација, федерализација.
„Ништо нема од тоа, освен реализација на конкретни мерки, враќање на парите кај граѓаните. Укинување на радиодифузната такса, решавање на проблемите на стечајците, покачување на минималната плата и на просечната плата, раст платите во сите други сектори, раст на пензиите. Тие ниту се радуваа кога се креваше македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, ниту Мицкоски аплаудира кога станавме членка на НАТО. Две и пол години сакаат да не туркаат назад. За да се спасат од криминалот и за да не одговараат. Ги блокираа сите закони, гласаа против зголемувањето на минималната плата. Од мизерни 9.000 денари покажавме дека може да биде 14.500 денари. Го штитиме работникот, правата на работниците се светост“, рече Николовски.
Тој пред делчевци даде збор дека минималната плата до крајот на следниот мандат ќе биде 20.000 денари, а просечната плата ќе биде 34.000 денари, но и ќе се изгради и четврти експресен пат, кој ќе го поврзува Кочани со Делчево до граничниот премин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Предложен притвор за три лица: ОЈО поведе истрага за загрозување на животната средина со диви депонии на Вардариште

Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи во изминатите два дена и извршени претреси на локацијата Вардариште по наредба на судија на претходна постапка, обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека три лица сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага и предложи на тројцата да им биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да продолжат да го повторуваат делото.
Осомничените, подолг временски период се до 02.09.2025 година, на ул.„Зендел Џемаил“ бб во Скопје, создале депонија спротивно на прописите за заштита на животната средина, со која можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата и да предизвикаат опасност за животот или здравјето на луѓето.
Сите тројца вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади на предметната локација, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење на дејност за управување со отпад која согласно закон ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање.
Македонија
Сиљановска-Давкова им врачи признание „Инженерски прстен 2025“ на 14 најуспешни дипломирани инженери

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им додели „Инженерски прстен 2025“ на 14 најуспешни студенти, дипломци на инженерски факултети во рамките на универзитетите: „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св.Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип и Државниот универзитет – Тетово.
Свечената церемонија се одржа на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, во Охрид.
Добитници на „Инженерски прстен 2025“ од УКИМ – Скопје, годинава се: Фросина Станковска – Архитектонски факултет, Марко Ѓорѓиоски – Градежен факултет, Харитина Сакова – Машински факултет, Васка Зарковска – Технолошко-металуршки факултет, Сара Ацковска – Факултет за земјоделски науки и храна, Димитар Пешевски – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Кирил Христовски – Природно-математички факултет, Теа Костадинова – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Рената Павлеска – Факултет за електротехника и информациски технологии.
Наградени студенти со „ Инженерски прстен“ 2025 од УКЛО – Битола се: Катерина Стојкоска – Технички факултет и Софи Гајтановска – Факултет за информатички и компјутерски технологии.
Од УГД Штип, носители на наградата се: Сара Панева – Факултет за природни и технички науки и Бојана Тасева – Факултет за информатика.
Од ДУТ, признанието го доби Гзим Дервиши – Факултет за применети науки.
Сиљановска-Давкова, честитајќи им го на добитниците престижното признание, ја истакна важноста од континуираната подршка на образованието и науката, како најдобра општествена инвестиција.
Таа ја реафирмира потребата од развојна образовна политика, компатибилна со регионалната и европската, насочена кон наша интегрирација во европската истражувачка сфера и афирмација на меѓународниот истражувачки пазар.
Според неа, само образовани и компетенти луѓе на политички и управувачки позиции можат да ја разберат и поддржат науката.
Андреј Лепавцов, претседателот на Инженерската институција на Македонија, им порача на најдобрите инженери во прстенот да гледаат не само признание, туку и обврска и предизвик за поголемо знаење и повисоки стандарди на квалитет.
„Наша должност е да ве поддржуваме во секоја фаза од вашата професионална кариера. Ние ќе бидеме тука да ве поврземе со индустријата, да ви помогнеме да ги продолжите вашите академски патеки“, рече тој и нагласи дека институцијата со која раководи ќе ги охрабрува да се вклучат во креирањето на инженерската политика на државата.
Македонија
ДУИ во паника, клевети од страв од пораз, каде се вработени сопругата и сестрата на Бујар Османи, прашуваат од „Вреди“

Партијата прогласена за Non Grata од меѓународниот фактор реагирала на вработувањата на Албанците во државните институции. Тие преку клевети сакаат да ги покријат своите неуспеси во периодот додека повеќе од две децении беа на власт, велат од „Вреди“.
Широката јавност, потсетуваат од таму, многу добро знае дека тие 20 години се грижеа единствено за вдомување на своите семејства, и тоа на работни места каде месечната плата е повеќекратно повисока од просечната во РСМ.
„Наместо да дадат отчет зошто Албанците ги претворија во администратори без работа и зошто ги оставија без реална застапеност, функционерите на ДУИ избираат да клеветат.
На оние што излегуваат на прес-конференции, им порачуваме да се вратат во канцеларија и да го прашаат својот шеф Бујар Османи, кој е и шеф на штаб, и кандидат за градоначалник, а воедно и потпретседател на партијата, зошто ги лаже!
Нека го прашаат Османи каде е вработена неговата сопруга, чие име од коректност нема да го спомнеме? Но, пред да прашаат, ние им откриваме дека сопругата на Бујар Османи зема месечна плата над 100 илјади денари, што изнесува колку четири плати на администратори кои ДУИ ги лажеше повеќе од 20 години.
Исто така, нека прашаат каде е вработена неговата сестра и колкава е нејзината месечна плата“.
Албанците, според „Вреди“, добро знаат дека во М-НАВ, сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3 илјади евра, што е колку шест плати на еден друг администратор.
„Вреди“ како што истакнуваат, нема повеќе да наведува имиња, но предупредува дека во наредните денови целосно ќе го обелодени непотизмот и вработувањата на семејствата на ДУИ во последните 20 години, со име и презиме.
„За направените клевети ќе се иницира соодветна постапка доколку не биде побарано јавно извинување од ДУИ“.