Македонија
Николовски: Почитувањето на здравствените протколи на работните места е важно за да нема застој на производствените процеси
Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска во Штип одржа работна средба со директорката на Инспекторатот за труд (ДТИ), Јована Тренчевска, и со дел од инспекторите од овој Инспекторат. На средбата се разговараше за работата на ДТИ, надзорите што се спроведуваат на терен, како и за идните активности на Инспекторатот.
Вицепремиерот Николовски посочи дека во овој период на пандемија предизвикана од коронавирусот, освен мерките за заштита на граѓаните, важно е да нема застој на производствените процеси и сите активности на фирмите, фабриките и на другите капацитети да продлжаат непречно да се извршуваат.
„Затоа, од исклучителна важност е работодавците да обезбедат безбедни услови за работа, со кои ќе го заштитат здравјето на работниците, и почитување на правата на работниците, а со тоа ќе се обезбедат услови за одржливо производство и за продуктивност на економијата во целост. Токму Државниот инспекторат за труд е клучниот контролен механизам за надзори врз примената на уредбите и здравствените протоколи за работа на работните места. Работниците се моторот на нашата економија и во оваа здравствена криза мора да се грижиме и да носиме мерки за да го зачуваме секое работно место“, изјави вицепремиерот Николовски.
Притоа Николовски посочи дека и овој инспекторат доби надлежност да постапува и по новите уредби и ковид-протоколи, а кои се однесуваат на превентивни мерки за сите работни места, дополнително со најновите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, Трудовиот инспекторат исто така доби поголеми надлежносити за постапување со прекршителите на уредбите и протколите.
Директорката на Инспекторатот за труд, Тренчевска, изјави дека овој Инспекторат врши инспекциски надзори во сите јавни и приватни правни субјекти во однос на примената на законите и другите прописи за работните односи, вработувањето, безбедноста и здравје при работата и колективните договори, договорите за вработување, а со појавата на пандемијата Инспекторатот доби надлежност да постапува и по новите уредби и ковид-протоколи, а кои се однесуваат на превентивни мерки за сите работни места.
„Во ноемрви се спроведоа 2.272 надзора во правни субјекти, издаени се 106 решенија за утврдени нерегуларности кај правните субјекти и издадени се 15 платни налози за непочитување на Протоколот 1 и на одредбите од Законот за заштита на наслеението од заразни болести. Во текот на декември, односно изминатите три дена се извршени 391 надзор кај правни субјекти и издадени се 15 решенија за утврдени нерегуларности во согласност со регулативата за работни односи и Законот за здравје и безбедност при работата. Не се утрвдени нерегуларости во делот на почитувањето на здравстените протоколи, што знали дека постепено правните субјекти ги почитуваат протколите“, изјави Тренчевска.
Вицепремиерот Николовски потенцира дека во владина процедура е информацијата за кадровско зајакнување на инспекциските служби, со што в година ќе се овозможат нови вработувања во оние инспкециски служби каде што има потреба во согласност со анализата на Инспекцискиот совет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.
-Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување, стои во соопштението на АХВ.
Оттаму додаваат и дека во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек.
-Поради непочитување на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност, наведуваат од Агенцијата.
Додаваат дека во раки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување на мерки за заштита на граѓаните од консумирање на небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје, и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.
Македонија
Поради одрон во прекин патот Крива Паланка – Деве Баир
Од 05:05ч. сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир е во прекин поради одрон.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Македонија
Побегна еден од осудените за автобуската несреќа со 16 жртви кај Ласкарци
Судот и полицијата уште трагаат по Ремзи Мифтари, осуден на 10 години затвор за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 луѓе, а 30-ина беа повредени. Мифтари требало да оди во затвор уште во мај, а гостиварскиот суд пред четири дена испратил барање до МВР и СВР Тетово за присилно приведување на издржување на затворска казна.
Од СВР Тетово велат дека пред четири дена ја добиле наредбата, но гостиварската полиција не успеала да го најде дома, ниту на други локации и во тек се активности за негово откривање. Претходно, за Мифтари била изготвена покана да се јави на издржување на казната во затворот во Идризово, но откако не се јавил во наведениот рок, затворот го известил надлежниот гостиварски суд, по што е покрената постапка за присилно приведување.
Откако Апелација му ја зголеми казната од шест на десет години затвор, Мифтари бараше нејзино одлагање со лекарско уверение за операција на кила на тестиси, но одлагањето на казната одамна му е истечено.
Ремзи Мифтари, одговорниот за превоз во „Дурмо турс“, и сопственикот на фирмата, Дурмиш Белули, се осудени на по 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци кога неисправен автобус полн со патници излета од патот. Загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени.
Возачот Маноил Трифуновски беше осуден на 14 години затвор, а тројца вработени во техничкиот сервис на „Дурмо турс“ добија една петгодишна и две седумгодишни затворски казни.

