Македонија
ВМРО-ДПМНЕ на протести во Берово, Пехчево и во Кочани побара оставка од Заев
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протести во Берово, Пехчево и во Кочани побара оставка од премиерот Зоран Заев.
„Народот се буди, бара оставка на Зоран Заев и заминување на оваа криминална мафијашка влада. Нема да дозволиме распродажба на македонските национални интереси и распрачување и урнисување на достоинството на македонскиот народ. Бараме итно прекинување на преговорите со Бугарија, не дозволиво е преговарање за македонскиот јазик, македонскиот идентите и македонската историја, нема да дозволиме национално понижување“, рече Мане Јаковлевски.
Претседателот на УМС, Сергеј Попов, на протестот во Берово ги повика сите малди да излезат на улиците и да побараат оставка од Заев, односно, како што рече, младите сакаат достоинствен живот како сите млади во Европа и светот, а не живот каков што нудат СДСМ и Заев.
„Ги повикувам сите млади во наредниот период да излезат и да ни се придружат на протестите, ние единствено што бараме е достоинствен живот и сигурна иднина, а не ова што ни го нудат власта и Заев – распродажба на македонскиот јазик и историја“, вели Попов.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во Кочани изјави дека нема откажување и сѐ додека Заев не си поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира.
„Остануваме на улиците, колку сме, толку сме. Бараме оставка од Заев и нема откажување. За нашето минато, нашата македонска историја, нашиот македонски јазик и нашиот идентитет нема право никој да преговара. Не бараме ништо што е туѓо, само бараме да запре ова срамно понижување и на македонскиот народ и на сите граѓани што живеат овде. Зоран Заев мора да си замине за Македонија да оди напред. Доста ни е од поразите и неуспесите. Доста е со виткање ‘рбет, доста е со национално понижување. Оставка сега за да не биде предоцна“, изјави Лефков.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира протести во 20 града.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.
На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.
На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.