Македонија
Николоски: Доколку ЛДП, ДОМ и ДС ја поддржат владата, или се уценети или се длабоко влезени во криминал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање на што се должи заострената реторика кон ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз рече дека не смета дека реториката е заострена, туку реална, бидејќи овие коалициски партнери, како што ги нарече, приврзоци на владата на СДСМ, седат во влада во којашто царува криминалот.
„Јас не мислам дека е заострена реториката, напротив мислам дека е реална реторика. Да седат како приврзоци во влада во којашто царува криминалот и економската неспособност, покажува само дека имаат други интереси. Дали ДОМ е зелена партија, а Македонија е почиста, одговорот е апсолутно не. Демократскиот сојуз е партија што се промовира како партија за борба со криминалот и корупцијата, дали Македонија е подобро или полошо рангирана на Транспаренси интернешанал, секако дека е полошо рангирана, а криминалот се гледа секојдневно, како што кажав кокаинот царува по македонските улици“, вели Николоски.
„Дали во РЕК Битола нема рекет од каде што доаѓа претседателот на ЛДП, има рекет и тој го гледа тоа секојдневно, но ќути и премолчува затоа што очигледно или овие ликови се уценети или и тие се длабоко влезени во криминал или можеби и двете. И ќе бидат избришани на следните избори затоа што граѓаните тоа го гледаат“, изјави тој.
Николоски ги повика да го демантираат, со тоа што на следната седница во собранието, кога ќе се гласа за избор на нова влада, да гласаат против и веднаш да се оди на предвремени парламентарни изброи.
„Кога ќе биде закажана седницата за избор на влада, имаат шанса да го демантираат сето ова што го кажав, нека гласаат против изборот на оваа влада, владата нема да биде избрана и веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори“, рече Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).