Македонија
Николоски: Противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош е на црната листа на САД и осуден за криминал во општината, сигурен сум дека граѓаните нема да гласаат за таков човек
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција зборувајќи за состојбата со изборните резултати во Карпош, посочи дека противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на црната листа на САД.
„И да не забораваме тој е веќе осуден од Основниот суд за криминал во општината, така што тој е човекот којшто е нашиот противкандидат во Карпош и затоа сум убеден дека во Карпош имаме убедлива победа“, кажа Николоски.
Посочи дека е сигурен дека граѓаните нема да гласаат за човек којшто веќе е осуден за криминал, и којшто е на црната листа на САД, повторно заради криминал и корупција.
„И човек којшто всушност ја уништи општина Карпош, особено урбаниот дел, може сите да видиме на што личи Карпош сега, а сите се сеќаваме на што личеше пред неговите мандати како градоначалник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

