Македонија
Николоски: Училишта, градинки, амбуланти, болници, кои се во 100 проценти сопственост на општини и на државата, ќе може да се градат во поедноставна постапка и за нив да не се плаќаат комуналии
Училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општини и државата ќе можат да се градат во поедноставна постапка и за нив да не се плаќаат комуналии. Ова го овозможувме со измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на средбата со раководството на ЗЕЛС.
На овој начин, како што рече, помагаме да се развиваат општините и помагаме во бројни проблеми на граѓаните во делот на згрижување, образованието, здравствената заштита и проблемите со паркирањето, истакна министерот Николоски.
„Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните, да се насочени кон граѓаните и да бидат во подобра финансиска кондиција. Постојат и други предизвици во следниот период што ќе ги решаваме, пред се во закони што се поврзани со директното функционирање со општните и затоа и како министер и како потпрестедател на Влада сум на располагање да имаме добра соработка. На средбата исто така разговараме и за проектот кој е тековен, а тоа се средствата кои Владата ги обезбеди во општините за капитални проекти и тоа преку 80 проценти се преку Министерството за транспорт. Најаувам за следната година дополнителни 250 милиони евра исто така за инфраструктурни проекти за општините, а такви проекти ќе има и во годините што следуваат”, изјави Николоски.
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски истакна дека оваа иницијатива била произлезена од ЗЕЛС, а поддржана и реализирана во соработка со мнистерството.
„Практично со овие измени решаваме повеќедецениски проблеми на општините, кои досега не можеа да ги реализираат и да бидат ефективни бројни проекти. Го надминавме моментот од ослободување од комуналии, од причина што скопските општини со месеци наназад имавме проблем, со месеци чекавме објектите од јавен карактер да ни бидат ослободени од комуналии. Сега тоа е минато и сега сме целосно функционални”, изјави Ѓорѓиевски.
На средбата беше договорено да се формираат работни групи со цел да се направат измени и во Законот за експропријација, за да им се овозможи на општините поефикасна релализација на капиталните проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

