Македонија
Нова оставка во подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, се повлекува Томи Кепевски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/ZEIx1-.jpg)
По оставката на претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски, неотповиклива оставка од функцијата поднесе и претседател на Градскиот комитет на УМС, Томи Кепевски. Тој во писмо до јавноста вели „оваа оставка не е предавање, туку само гласен крик против ова што ни се случува!“
„Почитувани сопартијци и пријатели, мотивиран и охрабрен од денешната оставка на претседателот на Унијата на млади сили, Лука Кржалоски, решив и јас да си поднесам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Градскиот Ккомитет на УМС.
Во последен период сè почесто и повеќе разговорите со моите колеги активисти во партијата се сведуваат на тоа дека таа е воведена во една ситуација на безизлезност.
За жал, јасно е дека ова раководство застранува од стратешките определби и партнери на ВМРО и Република Македонија и служи како платформа за ширење на руското влијание. Овие коментари се уште посилни во градските кругови каде што се движат обични симпатизери или неопределени граѓани. Сите тие очекуваат од нашата партија да ја преземе природната улога на лидер во нашата држава и да понуди одговор на сите погубни политики на СДСМ.
За жал, тоа не се случува, туку гледаме меѓусебни престрелки, фракции, безидејност. Така, не само што не нудиме алтернатива за граѓаните, туку и служиме за одвлекување на вниманието од вистинските проблеми. Ние сакаме една прогресивна и силна младина, која ќе биде рамо до рамо со другите младини на европскиот континент и поголемото западно семејство!“, вели Кепевски образложувајќи ја својата оставка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.