Контакт

Македонија

Нова сајбер-измама во Македонија: претставувајќи се како УЈП, крадат банкарски податоци – и порталот регистриран со туѓ идентитет

Објавено пред

Нова сајбер-измама изминативе денови ги демне граѓаните. Преку СМС-порака, во која стои „УЈП: Извршете ја задолжителната пријава“ и има линк до лажна веб-страница, чиј регистратор не е Управата за јавни приходи, се собираат лични податоци од граѓаните. Алармот го вклучи член на групата „Сојузен комитет на програмерите“. Тој сподели каква СМС-порака добил, а потоа и податоците што биле побарани да ги внесе кога го отворил линкот. Утринава, лажната страница, која е претставена како да е на УЈП – не работи. Случајот е пријавен и во институциите. За разлика од други случаи, овде веб-порталот е регистриран во Македонија, но постои сомнеж дека тоа е направено со внесување лажни податоци.

dobivaj vesti na viber

Регистрираниот лажен домен е многу сличен со оној на УЈП, што остава простор лесно да се наседне на измамата. Разликата е во само една цртичка. Лажниот домен е регистриран како „ујп-гов.мк“, а до сервисите на УЈП се пристапува преку „ујп.гов.мк“. Сајбер-измамата е активна токму во месеците кога граѓаните ги поднесуваат и потврдуваат годишните даночни пријави.

 

Во првиот прозорец, кој се појавува кога ќе се кликне на лажниот линк, се бараат да се внесат лични податоци – име, презиме, адреса на живеење, град, датум на раѓање, имејл, телефонски број. Со клик на следно – се крадат и податоците за платежната картичка.

Од граѓаните се бара да се внесат бројот на картичката, рокот на важност и кодот од задната страна на картичката. Овие информации се доволни за измамниците да ги извадат сите пари што се на располагање. Во третиот и четвртиот прозорец измамниците бараат да се прикачи личната карта, и тоа од двете страни.

Design space paper textured background

По внесувањето на сите податоци – веб-страницата пренасочува кон вистинската страница на УЈП преку која се поднесуваат даночните пријави.

Лажната веб-страница на измамниците, кои се претставуваат како УЈП, е регистрирана на 6 февруари. Како сопственик е впишан извесен Јован Трајановски. Освен тоа, лажна и неточна е и имејл-адресата. „Макфакс“ се јави на бројот што е оставен за контакт кога измамниците го регистрирале порталот. Слушалката од другата страна ја крена жена. Кога го побаравме Јован, таа посочи: „Грешка сте“.

Ја проверивме и адресата внесена како седиште на регистраторот на лажната веб-страница. Измамниците како назив на улицата внеле булевар „Јане Сандански“, а како број пишале 12. Но, не пишале број на зграда, број на влез и број на стан. „Макфакс“ ги провери сите граѓани што како свое живеалиште ја имаат впишано оваа адреса. Станува збор за речиси 400 жители. Но, меѓу нив нема никој со име Јован Трајановски.

„Макфакс“ побара одговори и од МВР дали ваков случај е пријавен кај нив. Од „Марнет“, каде што се регистрираат сите домени со „.мк“, прашавме како е направена оваа регистрација со лажни информации, зошто и по два месеца, веб-страницата е активна, но и дали ќе истражуваат преку која агенција е регистриран. Од двете институции очекуваме одговори во текот на денот. Став побаравме и од Управата за јавни приходи. Тие потврдија дека страницата не е нивна и испратија апел до граѓаните.

„Веб-страницата е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба“, велат од УЈП.

Ова не е прва ваква измама во Македонија. Изминатава година граѓаните алармираа, а МВР постапуваше по десетици вакви пријави. На ист или сличен начин, но преку веб-страници регистрирани во странство, се крадеа податоци од граѓани.

Македонија

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Објавено пред

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“.

dobivaj vesti na viber

Како што се објавува на социјалните мрежи, другарките на Фросина Кулакова која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот.

Според најавата која се шири на социјалните медиуми од Скопје автобусите ќе поаѓаат во сабота во 11 часот пред хотелот „Холидеј Ин“, а се повикуваат учество да земат и студентите.

Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Објавено пред

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена Фросина Кулакова, немала да се случи ако возачот добил затворска казна.

dobivaj vesti na viber

„Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој се’ уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се промени“, напиша тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утрото ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Објавено пред

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на...

Македонија19 минути

„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена...

Свет52 минути

Австралискиот премиер: Остануваме посветени на решение со две држави

Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по...

Свет1 час

Пристигна првата реакција на Хамас откако Трамп кажа дека САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“...

Свет2 часа

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот...

Свет2 часа

Трамп: САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски...

Европа2 часа

(Видео) Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска, на редовна седница на Владата практично почнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа,...

Топ20 часа

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140...

Македонија21 час

Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош,...

Македонија21 час

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните...

Топ21 час

Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на...

Македонија23 часа

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Регион1 ден

Грција не престанува да се тресе: најсилниот земјотрес утрово со јачина од 4,9 степени, десетици семејства чекаат на пристаништето во Санторини

Утрово четири земјотреси се регистрирани во морското подрачје југозападно од Санторини, од кои најсилниот бил со јачина од 4,9 степени...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Ќе ги релаксираме правилата за задолжување доколку земјите членки трошат за одбрана

Европската комисија е подготвена да примени флексибилност во примената на Пактот за стабилност и раст, кој пропишува фискална дисциплина, доколку...

Свет1 ден

(Видео) Ел Салвадор ќе ги прифати депортираните опасни криминалци од САД

Ел Салвадор вчера им понуди на Соединетите Држави да ги прифатат депортираните „опасни криминалци“ во нивните затвори, изјави американскиот државен...

Свет1 ден

Америка има нов министер за енергетика: претходно не се занимавал со политика, туку со нафта

Американскиот сенат синоќа го потврди Крис Рајт, директор на нафтена компанија без политичко искуство, за нов секретар за енергетика во...

Македонија2 дена

Обвинителството тврди дека Палевски го возeл „реното“ на денот на грабнувањето на Вања, одбраната негира

На денешното рочиште за грабнувањето и убиството на 14-годишната, Вања Ѓорчевска и убиството на велешанецот Панче Жежовски, Обвинителството прикажа снимка...

Македонија2 дена

Нема договор за минималната плата, ќе се дефинира официјална потрошувачка кошница, велат од Организацијата на работодавачите

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,...