Македонија
Нова фудбалска историја! Македонија оди во бараж за СП
Македонската фудбалска репрезентација продолжува да испишува нова фудбалска историја, откако по тензичната, но заслужена 3:1 победа над Исланд, првпат се пласира во бараж на едно Светско првенство, завршувајќи ги настапите во групата Ј со историско второ место.
Во меч во кој бевме апсолутно доминантни од почеток до крај, во еден момент во второто полувреме бевме под импресија дека ќе ја пропуштиме големата шанса откако гостите израмнија, но ја вративме контролата на играта, со малку среќа стигнавме и до втор гол и до фантастична петта победа во квалификацискиот циклус.
Езѓан Алиоски уште во 7. минута ги израдува фановите на арената „Тоше Проески“ со прекрасен гол покажувајќи ја својата класа. Доминацијата во првото полувреме беше потврдена и со вториот гол на Дарко Чурлинов, но тој беше поништен поради минијатурен офсајд.
Во второто полувреме, Исланѓаните успеаја да израмнат преку Торстеинсон во 54. минута, но тимот на Благоја Милевски бргу се созеде и продолжи со нападите кон исландскиот гол, што резултираше во враќање на водството во 65. минута преку Елиф Елмас, откако со малку среќа ударот на Алиоски дојде пред неговите нозе. Исланд, кој покажа груба игра, остана со играч помалку по црвениот картон на Јоханесон во 79. минута, по што Елмас во 87. минута ја потврди големата победа.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП, ГРУПА Ј
Македонија – Исланд 3:1
Лихтенштајн – Романија 0:1
Ерменија – Германија 1:4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

