Македонија
Нови 1.293 заразени и 24 починати од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1.293 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 626, Прилеп – 88, Велес – 60, Гостивар, Кавадарци и Битола – по 48, Тетово – 46, Штип – 41, Неготино – 36, Охрид – 34, Струмица – 33, Куманово – 28, Кочани – 23, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Пробиштип – 12, Валандово и Демир Капија – по 11, Кичево – 10, Делчево – 9, Струга, Крива Паланка и Берово – по 8, Крушево – 6, Ресен – 5, Богданци – 4, Свети Николе – 3, Дебар, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани се 339 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 220, Прилеп – 25, Гевгелија – 14, Тетово и Велес – по 9, Куманово – 8, Гостивар – 7, Струмица – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Штип и Битола – по 4, Кичево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово – по 1 лице.
Пријавени се вкупно 24 починати лица на возраст од 49 до 90 години, и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и од Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Направени се 4.094 теста преку: ИЈЗ – 978, ЦЈЗ Скопје – 55, ЦЈЗ Битола – 97, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, Судска медицина – 4, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ „8 Септември“ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 177, „Авицена“ – 330, „Биотек“ – 374, „Систина“ – 349, лабораторија „Лаор“ – 318, „Синлаб“ – 88, „Ремедика“ – 36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.281.
Досега во земјата се направени вкупно 575.162 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 51.090, активни 6.333
Прилеп 6.254, активни 866
Куманово 6.058, активни 437
Тетово 5.863, активни 396
Гостивар 4.137, активни 333
Кавадарци 3.954, активни 684
Штип 3.885, активни 228
Велес 3.842, активни 365
Битола 3.802, активни 364
Охрид 3.655, активни 488
Струмица 2.962, активни 232
Струга 2.538, активни 169
Кочани 2.014, активни 170
Кичево 1.845, активни 64
Неготино 1.654, активни 437
Гевгелија 1.532, активни 300
Свети Николе 1.156, активни 43
Крива Паланка 989, активни 136
Ресен 899, активни 100
Дебар 807, активни 13
Радовиш 802, активни 58
Делчево 780, активни 58
Берово 721, активни 70
Пробиштип 609, активни 56
Виница 543, активни 22
Валандово 428, активни 56
Крушево 387, активни 119
Богданци 350, активни 63
Кратово 303, активни 22
Демир Хисар 303, активни 38
Демир Капија 302, активни 69
Македонски Брод 261, активни 9
Пехчево 201, активни 13
Македонска Каменица 194, активни 2
Дојран 102, активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
329 медиуми ќе им бидат на располагање на кандидатите за рекламирање

На претстојните локални избори, кандидатите ќе можат да се рекламираат на вкупно 329 медиуми во земјата, потврди Државната изборна комисија (ДИК).
Од пристигнатите 352 барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали, позитивен одговор добија 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.
„Барањата на 22 правни лица, две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали, беа отфрлени како неуредни или ненавремено доставени. Дополнително, два ценовници беа доставени без соодветно барање и истите се отфрлени“, изјави членот на ДИК, Светлана Карапетрова, на 131 седница.
Во ДИК се доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Буџетот за локалните избори во 2025 година изнесува 9,76 милиони евра, од кои две третини се наменети токму за медиумите и политичките реклами.
Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември. Граѓаните ќе избираат градоначалници и советници во 80 општини и во Град Скопје.
Македонија
Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет по повод четиригодишната работа на градоначалниците, порача дека веднаш по локалните избори ќе има промени во партијата, како и реконструкција и подобрување на капацитетите на Владата.
„Ние ќе се менуваме и надоградуваме врз основа на потребите на граѓаните. Ниту една функција не е загарантирана ниту вечна. Затоа веднаш после изборите ќе ги отвориме вратите на партијата за нови луѓе, а во Владата ќе има реконструкција. Тоа не значи дека луѓето кои ќе се заменат биле лоши, туку дека секогаш е потребен зголемен капацитет и посилно темпо за промените кои ги правиме“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека Македонија нема да се врати во минатото и дека граѓаните ќе им кажат „не“ на СДСМ и ДУИ.
„ДУИ уште долго ќе биде во опозиција. Таму припаѓаат заедно со нивниот коалициски партнер во криминалот, СДСМ. Овие избори нема да бидат нивната врата кон Владата, а интригите и игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски остро ги обвини СДСМ и ДУИ за тајни договори на штета на народот.
„Повеќе од јасно е дека овие две партии имаат сценарио – не за народот, туку против народот. Со фантомски листи и независни кандидатури сакаат да го урнат изборниот процес, да го збунат гласачот и да ја заматат сликата за нивниот историски пораз кој доаѓа“, истакна тој.
Македонија
Мицкоски: Убедлива победа на локалните избори, нашите кандидати ќе бидат слуги на народот, а не негови господари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот настан „Саем – Отчет, четири години работа за тебе“ испрати силни пораки поврзани со претстојните локални избори.
Тој изрази уверување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари убедлива победа и дека во најголемиот дел изборната трка ќе биде решена уште во првиот круг.
„Тоа го покажуваат анкетите, но и нашето чувство кое произлегува од искуството во комуникација со граѓаните. Но секоја победа мора да се заслужи со работа и чесност. Нема простор за опуштеност, ниту за неоправдана ароганција“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат луѓе од народот, посветени на секојдневните проблеми на граѓаните.
„Секој кандидат мора да се држи до вредностите и принципите. Мора да кревате телефон, да решавате проблеми и да градите подобра иднина“, истакна тој.
Мицкоски се осврна и на тоа каков треба да биде идеалниот градоначалник: работлив, чесен и одговорен.
„Градоначалникот мора да биде прв меѓу еднаквите – слуга на народот, а не негов господар. Мора да биде транспарентен, прв да дојде на работа и последен да замине. Секоја негова одлука ја менува иднината на илјадници луѓе“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека граѓаните очекуваат луѓе што не размислуваат за следниот изборен циклус, туку за идните генерации.
„Ни требаат градоначалници кои исполнуваат, а не политичари кои ветуваат“, порача Мицкоски.