Македонија
Нови 1.422 заболени и 33 починати во Македонија

Во последните 24 часа се направени 4.277 тестирања, а регистрирани се 1.422 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:
Скопје – 618, Куманово – 94, Прилеп – 89, Велес – 76, Тетово – 63, Гостивар – 54, Кавадарци – 53, Битола – 50, Штип – 39, Гевгелија – 38, Охрид – 33, Струмица – 27, Неготино – 26, Кочани – 22, Кичево – 17, Струга 13, Ресен – 12, Пробиштип – 10, Дебар, Берово и Свети Николе – по 9, Крива Паланка и Радовиш – по 8, Валандово – 7, Богданци и Демир Капија – по 6, Македонски Брод и Пехчево – по 5, Виница и Делчево – по 4, Крушево – 3, Демир Хисар и Кратово – по 2, Дојран – 1.
Регистрирани се 457 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 128, Прилеп – 50, Кавадарци -33, Неготино – 28, Гостивар – 26, Куманово, Тетово и Велес – по 25, Струмица – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Битола и Кочани – по 11, Берово -10, Валандово – 6, Радовиш – 5, Кичево и Крушево – по 4, Крива Паланка, Делчево и Демир Капија – по 3, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Ресен, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 пациенти од Скопје (83, 82, 81, 75, 74, 72, 70, 70, 69, 62, 43, 38), по 3 пациенти од Тетово (69, 60, 41) и Кавадарци (78, 77, 71), по 2 пациенти од Битола (83, 65), Прилеп (73, 68) и Ресен (75, 66) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62), Гостивар (57), Охрид (64), Струмица (72), Струга (76), Крива Паланка (85), Валандово (79), Крушево (53) и Кратово (76). Од пријавените, сите 33 лица сите се починати во болнички услови.
Направени се 4.277 теста преку: ИЈЗ – 954, ЦЈЗ Скопје – 129, ЦЈЗ Битола – 103, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 18, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 8, Институт за микробиологија – 78, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 221, „Авицена“ – 343, „Биотек“ – 500, „Систина“ – 302, лабораторија „Лаор“ – 191, „Синлаб“ – 83, „Ремедика“ – 43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.303.
Досега во земјата се направени вкупно 607.956 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 55.799, активни 8.838
Прилеп 6.803, активни 1.024
Куманово 6.545, активни 732
Тетово 6.169, активни 543
Гостивар 4.396, активни 433
Кавадарци 4.294, активни 695
Велес 4.274, активни 624
Битола 4.163, активни 586
Штип 4.127, активни 377
Охрид 3.965, активни 647
Струмица 3.152, активни 303
Струга 2.613, активни 178
Кочани 2.170, активни 221
Кичево 1.939, активни 136
Неготино 1.852, активни 420
Гевгелија 1.727, активни 356
Свети Николе 1.234, активни 105
Крива Паланка 1.037, активни 105
Ресен 969, активни 152
Радовиш 867, активни 101
Дебар 835, активни 40
Делчево 828, активни 92
Берово 801, активни 106
Пробиштип 668, активни 91
Виница 580, активни 50
Валандово 487, активни 82
Крушево 424, активни 132
Богданци 390, активни 72
Демир Капија 342, активни 80
Кратово 322, активни 28
Демир Хисар 322, активни 49
Македонски Брод 291, активни 36
Пехчево 220, активни 24
Македонска Каменица 198, активни 5
Дојран 107, активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.
Македонија
(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех.
Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден договор или резултат на дипломатски план.
СДСМ ја критикува и состојбата со дипломатската мрежа, која, како што рече Жерновски, е „разурната, партизирана и нефункционална“, а Македонија се наоѓа „на периферијата на демократскиот свет“.
Како посебно загрижувачка точка беше истакната и заканата, како што наведуваат од СДСМ, за можно бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент, што партијата го поврзува со актуелната надворешна политика на МНР.
Жерновски рече дека за време на владеењето на СДСМ бил обезбеден македонскиот јазик во официјални документи на ЕУ, вклучително и договорот со ФРОНТЕКС, без фусноти и дополнителни објаснувања.
„Тој успех денес е доведен во прашање поради вазалската политика на Муцунски и неговиот шеф Мицкоски“, рече Жерновски.
На крајот, порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, европска иднина и заштитен идентитет и јазик.