Македонија
Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 790, Битола – 92, Куманово – 57, Струмица – 48, Кавадарци – 45, Штип – 43, Прилеп – 37, Охрид – 36, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Гостивар – 31, Кичево – 27, Велес – 24, Ресен – 20, Неготино – 18, Кочани и Свети Николе – по 13, Крива Паланка – 10, Струга – 8, Виница – 7, Радовиш, Пробиштип, Богданци и Македонски Брод – по 5, Делчево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кратово и Демир Капија – по 2, Дебар, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.424), регистрирани се 214 реинфекции.
Регистрирани сe 1.083 оздравени пациенти од: Скопје – 496, Битола – 122, Куманово – 67, Прилеп – 56, Кавадарци – 39, Кичево – 32, Велес – 31, Ресен – 30, Охрид – 29, Штип – 28, Гостивар – 21, Радовиш – 20, Неготино – 18, Кочани – 17, Гевгелија – 15, Берово – 11, Свети Николе – 10, Струга – 7, Богданци и Демир Хисар – по 6, Пробиштип – 5, Виница – 4, Крива Паланка, Македонски Брод и Кратово – по 3, Валандово – 2, Дебар и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати лица од Скопје (69г, 72г, 77г, 82г, 89г и 90г), по 2 починати од Велес (43г и 69г), Струмица (65г и 66г) и Прилеп (58г и 80г) и по едно починато лице од Струга (89г), Крива Паланка (81г) и Богданци (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп и Тетово на возраст од 63г до 80г. Пријавените се починати во период од 4.01.2022 до 20.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во домашни услови, а две лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=20), три лица се целосно вакцинирани.
Направени се 5.604 тестови преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-84, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–285, Жан Митрев (Филип Втори)-149, Авицена-177, Биотек-269, Систина-95, лабораторија Лаор-247, Синлаб-38, Ремедика-9, Плодност-108, Генеа-14, Никоб Лаб-592, ВФВ Медикал-86, Ели Медика-46, Ројал Медика–31, Спектра-ММ-37, Рапид Лаб–53, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–18, Рамус-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.663.
Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 115911, Активни 11123
Куманово 14307, Активни 748
Прилеп 12361, Активни 863
Тетово 12013, Активни 487
Битола 12007, Активни 1619
Гостивар 8539, Активни 316
Кавадарци 8373, Активни 561
Велес 8121, Активни 384
Охрид 7708, Активни 642
Штип 7337, Активни 340
Струмица 6931, Активни 496
Кичево 4778, Активни 289
Кочани 4467, Активни 222
Струга 4249, Активни 240
Гевгелија 3505, Активни 357
Неготино 2967, Активни 212
Свети Николе 2332, Активни 117
Ресен 2227, Активни 230
Крива Паланка 2137, Активни 130
Радовиш 2116, Активни 179
Делчево 1680, Активни 150
Берово 1605, Активни 93
Дебар 1488, Активни 21
Валандово 1271, Активни 163
Виница 1249, Активни 46
Пробиштип 1235, Активни 46
Кратово 859, Активни 61
Богданци 805, Активни 78
Крушево 800, Активни 141
Демир Хисар 744, Активни 71
Македонски Брод 611, Активни 39
Македонска Каменица 480, Активни 45
Демир Капија 466, Активни 21
Пехчево 402, Активни 28
Дојран 200, Активни 13
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николоски: СДСМ го штити и брани однесувањето на Џафери за ДУИ да не им излезе од влада

Катастрофа, недостоинствено, срам и брука, тие се зборовите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање како го опишува однесувањето на собранискиот спикер Талат Џафери.
Николоски потенцираше дека СДСМ само за да не им излезе ДУИ од влада го бранат однесувањето на Талат Џафери.
Факт е дека СДСМ секое сабајле и секоја вечер се моли ДУИ да не им излезе од влада затоа што знаат дека единствен начин за да одложат за неколку месеци торнадо е да им остане ДУИ во влада и затоа се спремни да го бранат Талат Џафери до последно, рече Николоски.
За карактерот на Талат Џафери најдобро зборува начинот на кој што беше избран, на човек би требало да му е срам да е избран на таков начин не би требало да се нафати на функцијата, тој си ја води функцијата. Така што нема ни срам ни морал. А уште помал морал од него имаат овие од СДСМ кои што го штитат, изјави Николоски.
Македонија
СДСМ: Обвинети во „Криминални парцели“ биле донатори на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска

Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинети и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со која се проневерени 1,6 милиони евра се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, но и кампањата на Арсовска, велат од СДСМ попладнево преку соопштение.
„Орце Тодоровски, Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски, Мирослав Митрески се на листите на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Тодоровски и на листата на донатори на Данела Арсовска.
Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацовите на Водно?
Овие сомнежи за коишто говориме се основани по сите информации кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ЦУК апелира на внимателност поради силно локално невреме и можни опасни порои во текот на викендот

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава од попладнево до крајот на викендов да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови.
Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати поројониот дожд што се предвидува да падне во делови од земјава.
Од УХМР известија дека викендов земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од понеделник ќе се намали метеоролошката нестбилност и ќе преовладува потопло време.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно од западниот дел на земјата кон Повардарието и кон североистокот и ќе премине и преку скопската котлина, информираат од УХМР.
Изолирана нестабилност ќе има и во вечерните часови. Преку ноќта облачност особено на истокот че се намали.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ=6
Во Скопје, променливо облачно. Од претпладне ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Под влијание на циклонска активност и утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време со поголеми количества воден талог), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Утре преку денот температура ќе биде пониска за 3 до 5 степени. Од понеделник ќе се намали нестабилноста и повторно ќе преовладува потопло време.
Во Скопската Котлина утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невремем а од понеделник нестабилност ќе се намали.