Македонија
Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 63, Куманово – 4, Дебар – 6, Штип – 4, Прилеп – 2, Тетово – 14, Струга – 6, Велес – 2, Битола – 1, Охрид – 4, Гостивар – 12, Свети Николе – 1 и Кичево – 1.
Починати се 5 лица, двајца од Скопје, еден од Куманово и двајца од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 Септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово починати се две лица надвор од болнички услови на возраст од 78 и 76, кај едниот од починатите Ковид-19 е дијагностициран постмортем.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица, и тоа од: Скопје – 82, Штип – 1, Тетово – 30, Струга – 2, Битола – 2, Гостивар – 2, Кочани – 4, Пехчево – 1, Ресен – 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569. Во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје – 3.487, активни 1.941
• Куманово – 805, активни 197
• Дебар – 116, активни 64
• Штип – 394, активни 160
• Прилеп – 283, активни 53
• Тетово – 789, активни 373
• Струга – 274, активни 173
• Велес – 198, активни 44
• Битола – 63, активни 22
• Охрид – 209, активни 180
• Кавадарци – 21, активни 15
• Гостивар – 173, активни 103
• Гевгелија – 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица – 17, активни 9
• Крива Паланка – 17, активни 11
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 7, активни 3
• Кочани – 75, активни 18
• Пробиштип – 28, активни 17
• Демир Хисар – 2, активен 1
• Македонски Брод – 6, активни 4
• Пехчево – 6, активни 2
• Берово – 3, активни 0
• Валандово – 6, активни 2
• Виница – 4, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 5, активни 2
• Свети Николе – 47, активни 42
• Кичево – 49, активни 40
• Ресен – 122, активни 84
• Неготино – 21, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.367 теста се преку: ИЈЗ – 628, „Авицена“ – 100, „Биотек“ – 134, МАНУ – 115, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 258, „Систина“ со PCR-метода – 116, ЦЈЗ Битола – 16. Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 27 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 41, а во болницата во Штип хоспитализирани се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и во Гостивар хоспитализирани се 102 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 373
• Аеродром – 154
• Бутел – 167
• Гази Баба – 192
• Центар – 144
• Карпош – 158
• Сарај – 140
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 109
• Студеничани – 107
• Шуто Оризари – 91
• Арачиново – 50
• Илинден – 32
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 9
• Зелениково-8
• Странец – 2
• Нераспределен – 62
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради бизнис интересите на СДСМ граѓаните плаќаат поскапа струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Нема област во која во владеење на СДС и ДУИ не преовладувал нивниот бизнис интерес, на место интересот на државата и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека како и се што уништија во државата, СДС и ДУИ за свои лукративни интереси го девалвираа и уништија и енергетскиот сектор.
„Поради нивите бизнис интереси со цел големи профити, направија граѓаните да плаќаат поскапа електрична енергија. Поскапата струја која што ја плаќаат граѓаните, како и финансиските проблеми на некогаш најпрофитабилното македонско претпријатие, ЕСМ е последица на седум годишното криминалното и недомаќинско работење на кадрите на СДС и ДУИ. Дека тоа е така може да се споредат сумите во различни периоди. На пример, во 2017 година кога со ЕСМ раководеше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски просечната цена за еден мегават час електрична енергија беше 33 евра, а сега истата изнесува 133 евра за мегават-час. Освен ова, во периодот кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ, производната цена за електрична енергија се намалила за 25% во однос на претходната. Ова само покажува одговорно и домаќинско работење, што не е случај со изминатото седумгодишно раководство кое мислело на само на свои бизнис и лукративни интереси. И со секоја следна година од доаѓањето на власт на СДС и ДУИ, цената на произведената електрична енергија по мегават-час постојано растеше, за годинава да достигне рекордни 133 евра“, се вели во соопштението на партијата.
Оттаму додаваат дека една од причините за енормниот раст на цената на струјата е не ископот на јаглен и скапо увезениот.
„И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДС и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити. Бизнис интересот и лакомоста за големи профити на СДС и ДУИ ги плаќаме сите ние, преку поскапа цена на струјата. Можеби ќе треба време за да се намали цената на струјата, но преку посветено, одговорно и домаќинско работење на новото раководство на ЕСМ тоа ќе се постигне. Набрзо од денес енергетскиот систем во Македонија ќе биде целосно консолидиран и вратен во нормална состојба, што ќе доведе и до пониски цени на електричната енергија.
Македонија
Денес студено утро, преку ден сончево со мала облачност
Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.
И во Скопје студено време во утринските часови, а преку денот сончево со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Македонија
СДСМ избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Со тоа ќе стане извесно кој се’ ќе ги носи клучните одлуки во опозициската партија која в година повторно ќе треба да се соочи со гласачите на локалните избори
Социјалдемократите известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.