Македонија
Нови 128 заболени и шест починати од ковид-19 во земјава
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 52, Куманово – 6, Штип – 29, Прилеп – 2, Тетово – 6, Битола – 2, Кавадарци – 10, Гостивар – 13, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 3, Виница – 2, Свети Николе – 1.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (82, 48, 82 и 60 години), еден пациент од Кичево (52 г.) и еден од Струга (75 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од: Скопје- 108, Куманово – 2, Прилеп – 1, Тетово – 11, Велес – 1, Битола – 3, Гостивар – 2, Кочани – 2, Кичево – 2, Ресен – 5.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10213, бројката на оздравени пациенти е 5.564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.183. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4660, активни 1876
• Куманово 991, активни 284
• Дебар 192, активни 124
• Штип 761, активни 409
• Прилеп 324, активни 53
• Тетово 998, активни 278
• Струга 416, активни 206
• Велес 212, активни 20
• Битола 116, активни 59
• Охрид 262, активни 111
• Кавадарци 48, активни 31
• Гостивар 385, активни 234
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 35, активни 24
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 28, активни 23
• Крушево 15, активни 9
• Кочани 95, активни 23
• Пробиштип 48, активни 29
• Демир Хисар 24, активни 22
• Македонски Брод 15, активни 11
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 7, активни 3
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 8
• Свети Николе 217, активни 189
• Кичево 120, активни 90
• Ресен 143, активни 40
• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1025 теста се преку: ИЈЗ-662, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Систина со PCR-метода -113, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-12, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 265
• Аеродром – 207
• Бутел – 133
• Гази Баба – 193
• Центар – 150
• Карпош – 164
• Сарај – 109
• Кисела Вода – 183
• Ѓорче Петров – 129
• Студеничани – 93
• Шуто Оризари – 120
• Арачиново – 36
• Илинден – 23
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 22
• Зелениково- 7
• Странец – 8
• Нераспределен- 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

