Македонија
Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 39, Куманово – 10, Штип – 23, Прилеп – 1, Тетово – 8, Струга -6, Битола – 3, Охрид – 2, Гостивар – 13, Крива Паланка – 2, Кочани – 3, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 3, Македонски Брод – 3, Берово – 1, Виница – 3, Кратово – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 18.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 60, Куманово – 7, Прилеп – 4, Тетово – 3, Струга – 15, Велес – 1, Охрид – 3, Кавадарци – 7, Гостивар – 35, Радовиш – 1, Крушево – 2, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 1, Кратово – 2, Свети Николе – 13, Кичево – 5, Ресен – 1.
Почината е една пациентка од Скопје (51) во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.083, бројката на оздравени пациенти е 8.248, на починати е 529, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.306. Според завршените епидемиолошки анализи во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5.207, активни 1.157
• Куманово 1.173, активни 266
• Дебар 219, активни 128
• Штип 988, активни 342
• Прилеп 346, активни 38
• Тетово 1.099, активни 175
• Струга 485, активни 151
• Велес 238, активни 26
• Битола 169, активни 76
• Охрид 301, активни 75
• Кавадарци 126, активни 97
• Гостивар 585, активни 285
• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 41, активни 25
• Крива Паланка 29, активни 15
• Радовиш 36, активни 11
• Крушево 16, активни 3
• Кочани 115, активни 26
• Пробиштип 64, активни 18
• Демир Хисар 47, активни 33
• Македонски Брод 55, активни 42
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 9, активни 5
• Валандово 7, активни 1
• Виница 36, активни 32
• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 3
• Свети Николе 244, активни 103
• Кичево 219, активни 133
• Ресен 146, активни 11
• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.885 теста се преку: ИЈЗ – 814, ЦЈЗ Скопје – 24, „Авицена“ – 161, „Биотек“ – 202, МАНУ – 128, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 191, „Систина“ со PCR-метода – 255, Судска медицина – 8, ЦЈЗ Битола – 68, Инфективна клиника – 24, ГАК – 10. Досега во земјата се направени вкупно 117.475 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 25 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот и 1 пациент суспектен на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 86 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 31, а во болницата во Штип хоспитализирани се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга се хоспитализирани 127 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од село Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари. (Општина Гази Баба)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски, и дел од ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
Македонија
Денеска максималната температура до 38 степени, од утре потопло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.
Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.
Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.