Македонија
Нови 143 заболени и двајца починати од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 79, Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по 6, Радовиш – 3, Струмица – 2, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 32 оздравени пациенти, и тоа од: Дебар – 9, Скопје – 8, Тетово – 5, Гостивар – 3, Свети Николе и Пехчево – по 2, Кавадарци, Битола и Гевгелија – по 1.
Пријавени се 2 починати лица од Тетово (31 и 70) во болнички услови.
Направени се 3.101 теста преку: ИЈЗ – 23, ЦЈЗ Скопје – 23, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово – 8, ЦЈЗ Куманово – 8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 155, „Авицена“ – 78, „Биотек“ – 90, „Систина“ – 80, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 0, „Генеа“ – 0, „Никоб лаб“ – 603, „ВФВ медикал“ – 23, „Ели медика“ – 21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.989.
Досега во земјата се направени вкупно 1.022.293 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 69.471, Активни 669
Куманово 9.065, Активни 152
Прилеп 8.354, Активни 24
Тетово 7.930, Активни 571
Битола 6.373, Активни 56
Велес 5.488, Активни 12
Гостивар 5.436, Активни 234
Кавадарци 5.176, Активни 18
Охрид 5.061, Активни 40
Штип 4.977, Активни 12
Струмица 4.193, Активни 63
Струга 3.019, Активни 36
Кочани 2.817, Активни 21
Кичево 2.693, Активни 85
Гевгелија 2.197, Активни 0
Неготино 2.184, Активни 0
Свети Николе 1.530, Активни 3
Ресен 1.238, Активни 4
Крива Паланка 1.228, Активни 1
Радовиш 1.176, Активни 12
Берово 1.044, Активни 11
Дебар 998, Активни 45
Делчево 975, Активни 1
Виница 892, Активни 6
Пробиштип 790, Активни 1
Валандово 677, Активни 8
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 367, Активни 8
Пехчево 276, Активни 5
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

