Македонија
Нови 196 случаи на коронавирус, почина едно лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.067 тестови, а регистрирани се 196 нови случаи на Ковид-19: Скопје –105, Битола – 30, Прилеп – 13, Охрид – 11, Куманово – 7, Штип и Виница – по 4, Велес, Кичево, Струга и Гевгелија – по 3, Кавадарци, Струмица и Ресен – по 2, Гостивар, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 38 реинфекции.
Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Кавадарци – 7, Битола – 5, Делчево – 3, Велес -2, Гостивар, Кичево, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола (81г), починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (1) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.067 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-90, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-36 ,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-20, Авицена-46, Биотек-50, Систина-22, лабораторија Лаор-65, Синлаб-5, Ремедика-0, Плодност-28, Генеа-7, Никоб Лаб-224, ВФВ Медикал-34, Ели Медика Плус-22, Ројал Медика–12, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–8, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 946.
Досега во земјата се направени вкупно 1.969.035 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.670, бројот на оздравени пациенти е 295.457, на починати е 9.228, а бројот на активни случаи изнесува 1.985
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 143896, Активни 1069
Куманово 16570, Активни 45
Битола 14875, Активни 204
Прилеп 14025, Активни 115
Тетово 13422, Активни 36
Кавадарци 10523, Активни 85
Велес 9691, Активни 36
Гостивар 9539, Активни 16
Охрид 8762, Активни 96
Струмица 8009, Активни 26
Штип 7978, Активни 19
Кичево 5573, Активни 47
Кочани 5057, Активни 20
Струга 4701, Активни 20
Гевгелија 4376, Активни 19
Неготино 3660, Активни 10
Ресен 2685, Активни 18
Свети Николе 2617, Активни 4
Радовиш 2516, Активни 12
Крива Паланка 2407, Активни 4
Делчево 1953, Активни 32
Дебар 1671, Активни 10
Берово 1638, Активни 2
Валандово 1477, Активни 4
Виница 1383, Активни 10
Пробиштип 1263, Активни 3
Богданци 1019, Активни 4
Кратово 962, Активни 4
Крушево 923, Активни 10
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 485, Активни 0
Дојран 343, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Арсовска спротивно на законoт поставилa Генерален секретар на Град Скопје

Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го именувале за секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски, актуелен советник во општина Чаир од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.
„Ова освен што е неетички, туку е и спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Надлежните ограни се веќе известени и овој случај мора да има разрешница“, реагираат од партијата.
Според СДСМ, Арсовска одново докажува дека освен груба партизација на Град Скопје ништо друго и не прави.
„Одамна е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје“, се наведува во реакцијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Што зборувал Џафери со контроверзните Чеченци кои се верни следбеници на Путин?

Собранискиот спикер Талат Џафери влегува од скандал во скандал, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„После примитивизмот и пцуењето на вработени во Собранието, дојде нов скандал за негови врски и средби со лица од Чеченија кои се верни следбеници на Владимир Путин“, посочуваат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека додека Џафери и владата на СДСМ и ДУИ имаат полна уста за прозападна ориентација, остваруваат контакти со контроверзни ликови блиски до режимот во Кремљ.
„Џефери на 10. јули 2021 година имал средби со Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во Думата и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”. Како е возможно ваков лик да остварува средби со високи државни функционери на земја-членка на НАТО. Зарем и во други земји-членки вакви лица блиски до Кремљ слободно се шетаат во нивните парламенти“, прашуваат од партијата од каде се во дилема и за тоа што разговарал Џафери со Чеченците.
„Според информациите во странски медиуми, гостите од Чеченија биле во посета на општина Тетово и со тогашните локални власти разговарале за изградба на споменик на Ахмат Кадиров, по кого се нарекуваат и чеченските единици кои сега ги спроведуваат најбруталните акции во Украина“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Сончево и топло време со температури до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 26 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 31 степен.
Во следните денови ќе биде топло со пораст на дневната температура, која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината. Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.