Македонија
Нови 225 заболени и шестмина починати од Ковид-19 во Македонија
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-96, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-17, Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-33, Куманово-10, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-4.
Во болнички услови се починати 6 лица – тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83), по еден од Прилеп (78), Тетово (63) и Битола (59).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.363, бројката на оздравени пациенти е 15.164, на починати е 749, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.450. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7.195, активни 834
• Куманово 1.785, активни 182
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1.269, активни 56
• Прилеп 697, активни 126
• Тетово 1.470, активни 150
• Струга 676, активни 45
• Велес 335, активни 36
• Битола 322, активни 71
• Охрид 432, активни 35
• Кавадарци 247, активни 47
• Гостивар 938, активни 83
• Гевгелија 130, активни 42 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 272, активни 167
• Крива Паланка 120, активни 34
• Радовиш 90, активни 26
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 392, активни 172
• Пробиштип 116, активни 20
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 7
• Пехчево 45, активни 4
• Берово 114, активни 39
• Валандово 39, активни 26
• Виница 117, активни 28
• Делчево 165, активни 82 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 359, активни 46
• Кичево 332, активни 36
• Ресен 164, активни 11
• Неготино 55, активни 8 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.694 теста се преку: ИЈЗ – 552, ЦЈЗ Скопје – 63, „Авицена“ – 333, „Биотек“ – 138, МАНУ – 113, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 165, Систина“ со PCR-метода – 156, лабораторија „Лаор“ – 40, Судска медицина – 15, ЦЈЗ Битола – 74, Инфективна клиника – 4, ГАК – 14, „Синлаб“ – 27, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип – 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 187 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 59
• Гази Баба – 100
• Аеродром – 141
• Карпош – 111
• Центар – 127
• Кисела Вода – 95
• Ѓорче Петров – 59
• Бутел – 29
• Шуто Оризари – 18
• Студеничани – 8
• Сарај – 14
• Арачиново – 6
• Илинден – 33
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 5
• Зелениково – 3
• Странец – 12
• Нераспределен – 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.
Македонија
Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во насока на зајакнување на институционалните капацитети за спречување на корупцијата.
Во фокусот на разговорите беа обуките за изработка на Национална проценка на ризик од корупција и антикорупциската проверка на законодавството во областа на внатрешните работи, при што беше истакната активната улога на Македонија како потписничка на Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјавите за имотна состојба. На средбата беше нагласено дека нашата држава претставува водечки пример и референтна точка за земјите кои сè уште не пристапиле кон овој механизам.
Тошковски ја потенцираше важноста од системски пристап во детектирањето и намалувањето на ризиците од корупција во безбедносниот сектор, како и значењето на регионалната соработка и размената на искуства.
„Борбата против корупцијата е еден од нашите врвни приоритети. Преку зајакнување на интегритетот на институциите, унапредување на законодавната рамка и користење на современи механизми за проценка на ризици, создаваме систем во кој корупцијата станува сè потешка, поскапа и неисплатлива. Поддршката и експертизата на РАИ во овој процес имаат значајна улога, а Министерството за внатрешни работи останува силно посветено на развој на ефикасни и одржливи антикорупциски политики“, истакна Тошковски.
На средбата беа разгледани и конкретни можности за идна соработка преку заеднички активности, обуки и проекти насочени кон јакнење на превентивните и репресивните механизми во справувањето со корупцијата.
Македонија
Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства
Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот овчар Трајко Бојковски од селото малотино, Старо Нагоричане, осомничен дека е серириски убиец. Обвинителството ја прошири истрагата за уште едно кривично дело – убиство, за кое е предвидена казна доживотен затвор, извести денес обвинителот Љубомир Лапе.
Обвинителството веќе обезбеди докази за две убиства и еден обид за убиство со ДНК анализи кои посочуваат кон 25-годишникот, кој е во притвор. Сите жртви се од истиот регион и според Обвинителството, нема докази за сексуално насилство. Дадени се наредби за психијатриско вештачење на осомничениот и сè уште не е утврден мотивот за убиствата.
За расчистување на случајот дадени се наредби на МВР да ги извади сите можни пријави, поплаки, телефонски јавувања, очевидци за настаните поврзани со осомничениот кој од СВР Куманово веќе има кривична пријава за две тешки кражби.
Кумановската обвинителка Теута Рамдани потсети дека истрагата за Бојковски почна по пријава од 83- годишна жена која успеала да преживее напад од осомничениот.

