Македонија
Нови 30 починати и 457 заразени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа се направени 1.682 тестирања, а регистрирани се 457 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 198, Прилеп – 32, Куманово – 30, Охрид – 29, Велес – 25, Кавадарци – 24, Штип – 17, Тетово – 16, Гевгелија – 15, Гостивар – 13, Струмица и Кочани – по 9, Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница – по 5, Пробиштип – 3, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци – по 2, Ресен, Дебар, Берово и Кратово – по 1.
Регистрирани се 700 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 291, Кавадарци – 52, Неготино – 42, Охрид – 38, Велес – 36, Прилеп – 35, Куманово – 26, Крива Паланка – 25, Гостивар – 23, Гевгелија – 18, Битола – 15, Струга – 14, Струмица – 13, Кочани – 11, Богданци – 10, Тетово – 8, Берово – 7, Штип ,Радовиш и Демир Капија – по 5, Пробиштип и Валандово – по 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Демир Хисар – 2, Кичево, Ресен, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 30 починати лица на возраст од 50 до 84 години, и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 6, од Битола и Охрид по 3 починати, од Кочани и Демир Капија по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино и од Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Направени се 1.682 теста преку: ИЈЗ – 679, ЦЈЗ Скопје – 28, ЦЈЗ Битола – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 157, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 163, „Систина“ – 286, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 38, „Ремедика“ – 0 ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 331.
Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 53.370, активни 7.604
Прилеп 6.529, активни 940
Куманово 6.271, активни 547
Тетово 6.003, активни 452
Гостивар 4.257, активни 376
Кавадарци 4.116, активни 616
Велес 4.045, активни 467
Штип 3.987, активни 296
Битола 3.947, активни 431
Охрид 3.811, активни 559
Струмица 3.043, активни 259
Струга 2.570, активни 157
Кочани 2.098, активни 200
Кичево 1.880, активни 91
Неготино 1.772, активни 410
Гевгелија 1.614, активни 324
Свети Николе 1.190, активни 64
Крива Паланка 1.012, активни 115
Ресен 934, активни 128
Радовиш 831, активни 76
Дебар 819, активни 25
Делчево 803, активни 75
Берово 762, активни 83
Пробиштип 630, активни 64
Виница 564, активни 39
Валандово 461, активни 75
Крушево 407, активни 127
Богданци 375, активни 70
Демир Капија 322, активни 72
Демир Хисар 312, активни 42
Кратово 310, активни 19
Македонски Брод 277, активни 24
Пехчево 205, активни 12
Македонска Каменица 195, активни 3
Дојран 106, активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч) во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе биде нестабилно, краткотрајно во форма на невреме со засилен до силен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
В сабота во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер, кој ќе продолжи и в недела и ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура.
Македонија
(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
„Јачината на ветрот постепено се зголемуваше и ни предизвика голема непријатност затоа што пожарот се движеше со исклучително голема брзина горејќи ги боровите стебла, создавајќи висока температура и многу густ и црн чад што удираше на гребенот. Нашата цел беше да го одбраниме гребенот и да не му дозволиме на овој пожар да прескокне преку гребенот од страната на селото Брезница, односно од скопска страна. Во тоа успеавме по неколку жестоки битки бидејќи огнот на неколку моменти префрли од другата страна, но благодарение на храброста на вработените во ‘Јасен’, лично овде е и директорот, еден од раководителите, со поддршка од екипа пожарникари од Македонски Брод, успеавме да го запреме по самиот гребен, ги изгаснавме местата на кои огнот префрли од другата страна и ја стабилизиравме ситуацијата“, рече Ангелов.
Пожарот сè уште се движи и создава густ чад што им предизвикува проблеми со дишењето на луѓето на теренот. На помош пристигнуваат пожарникари од Скопје, Велес и Куманово што ќе ги распоредат. Истовремено поддршка стигна и од вработените од Општината Сопиште кои цело време вршат дотур на вода, покрај другите активности. Тука се и припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР.
Македонија
Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните здравствени институции, но и продолжување на контролите во јавните здравствени установи кои се занимаваат со истата проблематика. Одлуката следи по изјавата на кардиохирургот, Сашко Кедев, дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и стентирања и операции.
Алиу рече дека комисијата ќе биде независна и дека извештајот ќе служи како патоказ за понатамошни мерки. Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора да ги отворат базите со информации за кардиолошки интервенции, со цел Министерството да ги агрегира податоците и да има увид во здравствените патеки на граѓаните.
Министерот потврди дека има база со информации од 2019 до 2025 година за кардиолошки интервенции во јавните и приватните установи и дека ќе се сретне со д-р Кедев за понатамошна соработка. Фондот за здравствено осигурување, пак, ги следи сите прашања за квалитетот и законитоста на услугите, но оценката на медицинската оправданост останува надлежност на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и специјалните комисии формирани од министерот.