Македонија
Нови 386 заболени и шестмина починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 178, Куманово – 18, Дебар-1, Штип – 8, Прилеп – 20, Тетово – 13, Струга – 9, Велес – 5, Битола – 13, Охрид – 7, Кавадарци – 3, Гостивар – 4, Гевгелија – 18, Струмица – 44, Крива Паланка – 7, Радовиш – 4, Кочани – 10, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 1, Берово – 7, Валандово – 3, Виница – 2, Делчево – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 4, Неготино – 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје – 61, Куманово – 23, Дебар – 1, Штип – 4, Прилеп – 9, Тетово – 5, Струга – 2, Велес – 5, Битола – 6, Гостивар – 2, Гевгелија – 1, Струмица – 15, Крива Паланка – 2, Радовиш -2, Кочани – 1, Пробиштип – 2, Берово – 4, Делчево – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 5.
Во болнички услови починати се 6 лица, од два пациенти од Скопје (67 г. и 67 г.), пациентка од Тетово (72 г.), од Битола (44 г.), Струга (62 г.) и Свети Николе (81 г.).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.163, бројката на оздравени пациенти е 16.009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.373. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 8088, активни 1432
• Куманово 1854, активни 162
• Дебар 292, активни 34
• Штип 1327, активни 92
• Прилеп 773, активни 144
• Тетово 1549, активни 188
• Струга 708, активни 51
• Велес 357, активни 36
• Битола 367, активни 90
• Охрид 454, активни 42
• Кавадарци 263, активни 47
• Гостивар 967, активни 72
• Гевгелија 178, активни 78 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 27 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 394, активни 232
• Крива Паланка 142, активни 45
• Радовиш 122, активни 47
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 475, активни 207
• Пробиштип 123, активни 18
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 46, активни 3
• Берово 139, активни 53
• Валандово 60, активни 45
• Виница 130, активни 40
• Делчево 180, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 394, активни 65
• Кичево 347, активни 30
• Ресен 167, активни 8
• Неготино 64, активни 16 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2267 теста се преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје – 73, Авицена – 515, Биотек – 277, МАНУ – 143, Жан Митрев (Филип Втори) – 424, Систина со PCR метода – 148, лабораторија Лаор –32, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола – 89, Инфективна клиника – 10, ГАК – 16, Синлаб – 31, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 203779 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 73
• Гази Баба – 147
• Аеродром – 257
• Карпош – 242
• Центар – 265
• Кисела Вода – 157
• Ѓорче Петров – 118
• Бутел – 56
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 2
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 31
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 9
• Зелениково – 4
• Странец – 10
• Нераспределен-22
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи, од кои пет лица за возење под дејство на алкохол, на територија на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Исто така, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци. Еден возач е лишен од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа во Скопје. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочува МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Македонија
Бегај пречекан со високи почести во Гостивар, Валбон Лимани му го додели „Клучот на градот“
На свечена церемонија со високи почести, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, вчера оствари официјална средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
Во просториите на Општина Гостивар, во присуство на пратеници од регионот, општински советници, претставници на верските заедници и истакнати личности од градот, градоначалникот Лимани му го врачи на претседателот Бегај „Клучот на градот“ – највисокото признание што го доделува Општина Гостивар на личности со посебен придонес и значење.
Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Лимани ја оцени посетата како момент со посебна политичка и емоционална тежина за градот, истакнувајќи ја симболиката што ја носи присуството на Претседателот на Албанија во град претежно населен со Албанци.
„Посебна чест е што на почетокот на мојот мандат како градоначалник на Општина Гостивар, да му кажам во ваше и во мое лично име: Добредојдовте во Гостивар, Претседателе на Република Албанија. Вашето доаѓање има посебна симболика за нас“, изјави Лимани.
Тој ја оцени улогата на претседателот Бегај во достоинственото претставување на Албанија и на Албанците ширум светот, особено во време на предизвици и значајни геополитички случувања, нагласувајќи дека неговото лидерство внесува смиреност, сигурност и национална гордост.
Во образложението за доделувањето на признанието се наведува: „На Претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Бегај, за достоинственото и мудро застапување на сите Албанци и пошироко, низ целиот свет.“
Врачувајќи го симболичниот клуч на градот, градоначалникот Лимани истакна дека со овој чин за претседателот Бегај отворени се сите врати во Гостивар, оценувајќи го овој момент како еден од најзначајните настани во неговиот мандат.
Посетата на претседателот Бегај во Гостивар беше оценета како потврда за силните врски меѓу Албанците и важен чекор кон продлабочување на соработката и националното единство.
Македонија
Филипче за Груби: Сè е договорено
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека случајот со враќањето на Артан Груби и одлуката за куќен притвор се јасен показател дека постои политички договор и директно влијание врз судството и обвинителството од страна на власта.
„Еве ги прашањата за Артан Груби. Ние ги поставуваме од моментот кога дојде. Еве и сега ги поставувам. Како е можно на тој начин да се врати бегалец од правдата, да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор? Сте слушнале ли одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не. Ниту ќе слушнете. Поради тоа што има договор. Тоа е вистината. На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор? Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето коешто јас го поставив – кој е Душан Адамовиќ, новопоставениот конзул на Македонија во Србија – премиерот не одговори. Избегна да одговори затоа што одговорот не му одговара. Секогаш е дефокус – Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа. Тоа одговара премиерот. Недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води Владата и државата.“ рече Филипче.
Тој потенцираше дека ваквиот развој на настаните не може да се случи без политичка координација и контрола врз институциите.
„Такви политички договори во коишто судството и обвинителството се послушници никому не носат добро. Уште премиерот фалеше дека ќе го пречека Артан Груби на граница“, нагласи Филипче.
Додаде дека наместо институциите да функционираат независно и согласно законите, јавноста сведочи на координирани чекори – од медиумското покривање на враќањето, до експресното определување куќен притвор.

