Македонија
Нови 394 случаи на коронавирус, оздравени се 387 пациенти, а починаа 9 лицa
Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 190, Кавадарци – 29, Велес – 19, Делчево – 16, Куманово – 14, Охрид – 12, Дебар – 12, Гостивар – 11, Прилеп – 7, Штип – 7, Битола – 7, Берово – 7, Демир Капија – 7, Кичево – 6, Тетово – 5, Струмица – 5, Гевгелија – 5, Свети Николе – 4, Неготино – 4, Виница – 4, Струга – 3, Кочани – 3, Крива Паланка – 3, Радовиш – 3, Крушево – 3, Ресен – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2 и Пехчево – 2.
Регистрирани се 387 оздравени пациенти од: Скопје – 255, Куманово – 21, Тетово – 15, Струмица – 15, Велес – 14, Ресен – 12, Битола – 11, Дебар – 8, Гостивар – 7, Кавадарци – 5, Штип – 4, Кичево – 3, Демир Хисар – 3, Делчево – 2, Охрид – 2, Гевгелија – 2, Свети Николе – 2, Кочани – 2, Богданци – 2, Берово – 1, Валандово – 1.
Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Направените 2236 теста се преку: ИЈЗ-518, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-188, Биотек-138, МАНУ-110, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Систина-150, лабораторија Лаор–128, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-53, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-46, Ремедика-8, лабораторија болница Козле-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)-699, УК Пулмологија со алергологија–5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 448.031 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39861, активни 4788
• Куманово 5153, активни 374
• Тетово 5050, активни 316
• Прилеп 4534, активни 192
• Гостивар 3600, активни 222
• Штип 3491, активни 145
• Битола 3203, активни 156
• Велес 3056, активни 262
• Охрид 2761, активни 367
• Кавадарци 2533, активни 320
• Струмица 2519, активни 278
• Струга 2189, активни 150
• Кочани 1717, активни 83
• Кичево 1710, активни 128
• Свети Николе 1072, активни 32
• Гевгелија 978, активни 98
• Неготино 957, активни 92
• Дебар 753, активни 92
• Ресен 730, активни 90
• Крива Паланка 719, активни 47
• Радовиш 693, активни 46
• Делчево 591, активни 155
• Берово 584, активни 43
• Пробиштип 505, активни 41
• Виница 489, активни 34
• Валандово 325, активни 11
• Демир Хисар 243, активни 6
• Македонски Брод 242, активни 11
• Богданци 224, активни 27
• Кратово 220, активни 20
• Крушево 203, активни 29
• Демир Капија 195, активни 33
• Македонска Каменица 190, активни 20
• Пехчево 183, активни 13
• Дојран 82, активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер, информира УХМР.
Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи.
Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.
Македонија
Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално
Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието каде се осврна на опозициската СДСМ, при што истакна дека истата нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, со оглед на тоа што еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат.
,,Очигледно е молчењето на СДСМ, кое што е стратегија откако влетаа во офсајт. Дали СДСМ и пратениците на СДСМ, го поддржуваат линеарното зголемување на пензиите кое што го направи оваа Влада, или не го поддржуваат? Затоа што доаѓаа какафонични изјави. Еден ден излегуваат и велат дека тоа е добро, друг ден доаѓа пратеник и објаснува како тоа не било добро, како тоа била дискриминација на оние кои што земале поголеми пензии“, рече Петрушевски.
Петрушевски побара некој од партијата да излезе и да каже јасен и официјален став.
,,Убаво е да излезе некој и да одговори кој е ставот на СДСМ, со оглед на актуелноста на темата и она кое што овој период се случува во Уставниот суд, а тоа е преиспитување на уставноста на оваа одлука. Замислете, почитувани граѓани пред се, преиспитувањето на одлуката е дали било дискриминација на оние пензионери кои што земале големи пензии, затоа што не добиле процентно поголеми суми, а овие биле повластени со маливе пензии, затоа што добиле два пати по 5000 денари“, кажа Петрушевски.
Според него, апсурдно е што Уставниот суд преиспитува дали постои дискриминација, а и како што вели, постојат повеќе врски меѓу СДСМ и оваа одлука за приспитување.
,,Замислете го апсурдот на ова, преиспитување на ова, преиспутвање на одлука, која што патем речено е директно поврзано со СДСМ од неколку апсекти. Прво, видовме овде како пратеници на СДСМ, ја бранеа Кацарска, која што е судија известител, а меѓу другото, позната е по тоа што се изучува на меѓународни факултети како не треба да се суди еден предмет, и која што молсаквично напредуваше во својата кариера за време на СДСМ после оние монтирани случаи“, истакна Петрушевски и додаде:
,,Неколку врски има меѓу СДСМ и оваа одлука за преиспитување од страна на Уставниот суд. Така што мора да знаеме дали СДСМ мисли дека ова зголемување на пензиите не е добро“.
Македонија
Гаши потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот парламент за толеранција и мир
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, заедно со претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, Ахмед Бин Мохамед Алџарван, го потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу нашето Собрание и Меѓународниот парламент за толеранција и мир (IPTP).
„Овој Меморандум претставува важна институционална рамка која има за цел: продлабочување на меѓународната парламентарна соработка во областите на толеранцијата, мирот и демократскиот дијалог; редовно учество на Собранието на седниците, комитетите и иницијативите на IPTP; континуирана размена на информациите за активностите, документите и парламентарните проекти на оваа организација и координација на можностите за спроведување на заедничките настани, конференциите и проектите од заеднички интерес“, соопштија од Собранието.
Инаку, Глобалниот совет за толеранција и мир е меѓународна организација основана во 2017 година во Малта, врз основа на дипломатскиот договор со Владата на Малта, кој ѝ дава дипломатски привилегии и имунитети.
„Овој Меморандум претставува важен чекор во унапредувањето на улогата на Собранието на меѓународната арена и значаен придонес во промовирањето на вредностите на дијалогот, меѓусебното почитување и глобалниот мир“, се наведува во соопштението.

