Македонија
Нови 528 заболени со Ковид-19, починале 13 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.323 тестирања, а регистрирани се 528 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 200, Битола – 53, Прилеп – 42, Кавадарци – 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, Струмица и Гевгелија – по 10, Крива Паланка и Пробиштип – по 9, Кратово и Демир Хисар – по 7, Тетово, Ресен и Валандово – по 6, Гостивар и Неготино – по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево – по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Македонска Каменица, Дојран и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 327 оздравени пациенти од: Скопје – 133, Битола – 37, Куманово – 27, Кавадараци – 19, Тетово – 18, Велес – 14, Штип и Охрид – по 10, Прилеп – 8, Кочани, Струмица и Крива Паланка – 7, Гевгелија, Валандово и Кичево – по 4, Пробиштип, Демир Хисар, Свети Николе и Радовиш – по 3, Неготино и Крушево – по 2, Кратово и Гостивар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), 2 починати лица од Свети Николе (76г и 84г) и едно починато лице од Кавадарци (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86г, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.
Направени се 4.323 тестови преку: ИЈЗ-301, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-106, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–38, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–312, Жан Митрев (Филип Втори)-98, Авицена-165, Биотек-255, Систина-72, лабораторија Лаор-237, Синлаб-16, Ремедика-14, Плодност–51, Генеа-6, Никоб лаб-366, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-50, Ројал Медика–36, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб – 8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.919.
Досега во земјата се направени вкупно 1.426.274 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 91300, активни 3859
Куманово 12622, активни 367
Тетово 11211, активни 211
Прилеп 9851, активни 435
Битола 8056, активни 650
Гостивар 8043, активни 49
Велес 7068, активни 368
Кавадарци 6644, активни 377
Штип 6415, активни 273
Охрид 6276, активни 228
Струмица 5974, активни 113
Кичево 4183, активни 106
Струга 3868, активни 53
Кочани 3797, активни 246
Гевгелија 2674, активни 145
Неготино 2484, активни 89
Свети Николе 2065, активни 79
Крива Паланка 1790, активни 171
Радовиш 1671, активни 83
Ресен 1650, активни 89
Дебар 1453, активни 3
Берово 1314, активни 64
Делчево 1269, активни 114
Виница 1122, активни 47
Пробиштип 1090, активни 67
Валандово 877, активни 22
Кратово 716, активни 72
Богданци 611, активни 30
Крушево 572, активни 25
Демир Хисар 554, активни 79
Македонски Брод 483, активни 6
Демир Капија 417, активни 8
Македонска Каменица 386, активни 55
Пехчево 331, активни 8
Дојран 155, активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.
Македонија
(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех.
Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден договор или резултат на дипломатски план.
СДСМ ја критикува и состојбата со дипломатската мрежа, која, како што рече Жерновски, е „разурната, партизирана и нефункционална“, а Македонија се наоѓа „на периферијата на демократскиот свет“.
Како посебно загрижувачка точка беше истакната и заканата, како што наведуваат од СДСМ, за можно бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент, што партијата го поврзува со актуелната надворешна политика на МНР.
Жерновски рече дека за време на владеењето на СДСМ бил обезбеден македонскиот јазик во официјални документи на ЕУ, вклучително и договорот со ФРОНТЕКС, без фусноти и дополнителни објаснувања.
„Тој успех денес е доведен во прашање поради вазалската политика на Муцунски и неговиот шеф Мицкоски“, рече Жерновски.
На крајот, порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, европска иднина и заштитен идентитет и јазик.