Македонија
Нови 708 заболени и 33 починати од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 341, Прилеп – 59, Куманово – 41, Велес – 37, Гостивар, Битола и Охрид – по 26, Кавадарци – 23, Тетово – 18, Штип – 17, Кочани – 16, Неготино и Дебар – по 11, Гевгелија – 10, Струмица – 9, Струга – 7, Свети Николе, Ресен и Виница – по 5, Македонска Каменица – 3, Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран – по 2, Радовиш, Делчево, Берово и Валандово – по 1.
Регистрирани се 11 оздравени пациенти (ова не е целосната бројка на оздравени лица во изминатите 24 часа,поради апдејтирање на софтверот, вкупниот број на оздравени од изминатото деноноќие ќе биде прикажан во утрешната статистика) од:
Тетово – 3, Скопје и Штип – по 2, Велес, Битола, Кочани и Пробиштип – по 1.
Пријавени се вкупно 33 починати лица: 8 пациенти од Скопје (85г,82г,78г,76г,75г,74г,45г,39г), по 4 пациенти од Прилеп (71г,70г,70г,64г) и Куманово (81г,69г,62г,56г), 3 пациенти од Кавадарци (70г,67г,58г), по 2 пациенти од Гостивар (67г,64г), Битола (75г,67г), Велес (71г,51г) и Неготино (73г,71г) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59г), Охрид (70г), Кочани (74г), Кичево (74г), Гевгелија (66г) и Берово (69г). Од пријавените 33 лица, сите се починати во болнички услови.
Направени се 2.763 тестови преку: ИЈЗ-738, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-99, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-30, Жан Митрев (Филип Втори)-151, Авицена-356, Биотек-304, Систина-340, лабораторија Лаор–341, Синлаб-34, Ремедика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 281.
Досега во земјата се направени вкупно 615.457 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 56744, активни 9490
Прилеп 6905, активни 1085
Куманово 6666, активни 817
Тетово 6216, активни 572
Гостивар 4462, активни 482
Кавадарци 4361, активни 742
Велес 4373, активни 693
Битола 4261, активни 659
Штип 4188, активни 428
Охрид 4051, активни 732
Струмица 3189, активни 323
Струга 2640, активни 205
Кочани 2205, активни 239
Кичево 1959, активни 154
Неготино 1886, активни 441
Гевгелија 1775, активни 393
Свети Николе 1248, активни 116
Крива Паланка 1046, активни 113
Ресен 981, активни 156
Радовиш 878, активни 112
Дебар 846, активни 51
Делчево 835, активни 99
Берово 812, активни 114
Пробиштип 672, активни 91
Виница 592, активни 59
Валандово 494, активни 77
Крушево 430, активни 138
Богданци 399, активни 81
Демир Капија 349, активни 82
Кратово 326, активни 31
Демир Хисар 322, активни 48
Македонски Брод 292, активни 37
Пехчево 224, активни 28
Македонска Каменица 201, активни 8
Дојран 110, активни 11
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика , Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, денеска потпишаа Договор за грант со кој се доделуваат финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населеното место Матејче.
„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари“, изјави министерката за труд и социјална политика.
Градоначалникот на Општина Липково, Арифи, информираше дека според официјалните статистички податоци, на територијата на општина Липково живеат околу 2.200 деца на возраст до шест години, како и дека изградбата на оваа нова градинка е вистински потег во правец на решавање на предизвикот.
Досега, со средствата од проектот, кој ресорното министерство го спроведува со поддршка од Светска банка, реконструирани се градинки во Ресен и Боговиње, а во тек е изградбата и реконструкцијата на уште осум градинки во Кавадарци, Неготино, Кочани, Струмица, Пробиштип, Крива Паланка и во скопските општини Кисела Вода и Ѓорче Петров, во кои ќе се згрижат уште 1.349 деца.
Македонија
Архитектот на зградите кај „Холидеј Ин”: Петицијата не е за стопирање на градбата

Архитектката Јана Гугуловска-Ѓорѓевик смета дека никој не сака да го спречи градењето кај хотелот „Холидеј Ин“, каде што сега има паркинг. Таа при презентација на проектот рече дека беспредметно е да се прави муабет за онлајн петицијата. Досега, преку онлајн платформата се потпишани над 9.000 граѓани, кои велат: „Не за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотелот ‘Холидеј Ин’“.
„ Што се однесува до петицијата, јас колку што знам таа гласи ‘Не за масовни чудовишта’, а не е за не градење или стопирање на градба. Имајќи во предвид дека таа макета изработена од наши колеги, не соодејствува со деталниот урбанистички план според кој е правен овој проект, мислам дека е беспредметно да правиме муабет за некаква петиција, која што е направена врз база на некакви си модели кои не се согласни со ДУП. Јавноста треба да види дали била изманипулирана или не“, рече архитектаката Јана Гугуловска-Ѓорѓевик.
Инаку, во петицијата стои дека проектот е предвидено да се реализира во три фази. Во првата фаза изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза – изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда – кула со 16 ката и височина од 76,5 метри.
Преку отворено писмо до премиерот Зоран Заев, и неколку невладини организации и граѓани бараат да го спречи градењето на висококатници на паркингот кај Холидеј Ин. Според нив ова е ултимативна шанса за Скопје која мора да се искористи во име на граѓаните, а не во интерес на инвеститорите.
Македонија
Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на институциите, Драги Рашковски, информира дека неговото повлекување од функцијата нема да влијае во постапката по предметите кои се поврзани со него.
„Оставката на поранешниот генерален секретар на Владата не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК“, стои во кусото соопштение.
Името на Рашковски во последниот период беше поврзано со низа обвинувања од опозицијата, со неколку случаи кои се под мониторинг на Антикорупсиската комисија, а дел се и предмет на истрага во Јавното обвинителство. Некои од нив се „Леонардо“, „Софтвер за МВР“, „Џип волво“…
Рашковски во оставката чиј текст утрово го објави на социјалните мрежи, наведува дека повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот.
„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции“, напиша тој.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш