Македонија
Нови 75 заразени од Ковид-19, починале 22
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 726 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:
Скопје – 45, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Струга – 3, Неготино, Тетово и Велес по 2, Куманово и Кочани по 1.
Регистрирани се 1.440 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 798, Кавадарци – 76, Струмица – 71, Тетово – 67, Куманово – 56, Гостивар – 47, Велес -34, Прилеп -32, Неготино – 27, Битола – 26, Делчево – 25, Охрид и Гевгелија по 22, Кичево и Ресен по 18, Кочани – 15, Штип – 14, Струга -12, Свети Николе -10, Богданци и Македонска Каменица по 9, Дебар и Радовиш по 6, Берово -5, Демир Капија -4, Крива Паланка , Виница ,Валандово и Дојран по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево по 1.
Пријавени се вкупно 22 починати лица. Починати се 10 пациенти од Скопје (71, 64, 79, 84, 32, 73, 81,67 и два случаја од 65 години), по два смртни случаја се регистрирани од Тетово (68 и 70) и од Прилеп (66 и 85) и по еден смртен случај од Радовиш (85), Кавадарци (63), Гостивар (82), Демир Капија (27), Струмица (65), Охрид (68), Струга (71) и Куманово (65). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.
Направените 726 теста се преку: ИЈЗ – 87, ЦЈЗ Скопје – 46, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 77, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 128, „Систина“ – 182, лабораторија „Лаор“ – 0, МАНУ – 53, Судска медицина – 1, ЦЈЗ Битола – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, ГАК – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 151, УК Пулмологија со алергологија- 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 471.417 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови – заболени, активни
Скопје 41.460, активни 3.215
Куманово 5.275, активни 257
Тетово 5.198, активни 252
Прилеп 4.644, активни 151
Гостивар 3.661, активни 144
Штип 3.527, активни 82
Битола 3.269, активни 122
Велес 3.185, активни 217
Охрид 2.933, активни 381
Кавадарци 2.771, активни 336
Струмица 2.578, активни 162
Струга 2.279, активни 170
Кочани 1.749, активни 48
Кичево 1.736, активни 91
Свети Николе 1.090, активни 23
Гевгелија 1.039, активни 100
Неготино 993, активни 62
Дебар 775, активни 77
Ресен 756, активни 71
Крива Паланка 739, активни 35
Радовиш 730, активни 47
Делчево 665, активни 193
Берово 606, активни 29
Пробиштип 515, активни 26
Виница 499, активни 28
Валандово 330, активни 9
Демир Хисар 252, активни 10
Македонски Брод 247, активни 10
Кратово 238, активни 24
Богданци 226, активни 8
Демир Капија 224, активни 47
Крушево 220, активни 36
Македонска Каменица 192, активни 9
Пехчево 183, активни 7
Дојран 87, активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

